Експлозии и пожари во подземна гаража во Швајцарија: Има загинати и повредени

Макфакс

14/06/2024

16:13

1.571

Големина на фонт

а а а

Две лица загинаа, а 11 се повредени во неколку експлозии и пожари на подземен паркинг на солитер во швајцарскиот град Нусбаумен во Аргау, соопшти кантоналната полиција.

Во полиција синоќа околу 19 часот биле пријавени неколку експлозии, а пожарот кој до доаѓањето на пожарникарите се проширил на првиот кат бил изгаснат до 23 часот, јавува „Свис инфо“.

Жителите на солитерите биле евакуирани и засега не им било дозволено да се вратат во становите, а локалните власти итно им обезбедиле живеалишта.

Во акцијата за гаснење биле вклучени три хеликоптери.



Спонзорирани линкови

Маркетинг