Сончево со мала облачност

Макфакс

04/07/2026

09:04

154

Големина на фонт

а а а

Во Македонија денеска ќе доминира сончево време со мала до умерена облачност и умерен до засилен северен ветер, а температурата ќе се движи од 23 до 33 степени Целзиусови.

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и дневни температури од 23 до 33 Целзиусови степени. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој наместа повремено ќе достигне удари од 60 километри на час.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и дневни температури од 25 до 33 степени. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец кој наместа ќе достигнува брзина од 50 км/ч.