Новиот телефон за кој сите сонуваме: Новиот модел со ограничени опции кој ќе го подобри квалитетот на вашиот живот

Точка

13/06/2024

21:39

8.134

Големина на фонт

а а а

Додека компаниите денес во главно се фалат со тоа што можат да направат сите нивни уреди и со бројните опции што ги имаат, производителите на "Light Phone" се фалат со сосема спротивното.

Има толку многу работи кои "Light Phone 3" едноставно не може да ги направи, започнува видео најавата на третата генерација на овој уред кој носи сосема поинаков поглед на користењето на паметните телефони и гаџетите воопшто.

Овој уред, како што е нагласено во видеото, не може да објавува на социјалните мрежи или да праќа мејлови, но исто така не може да ги украде или продава вашите податоци, исто како што не може да се натпреварува со вашата ќерка за нејзиното внимание бидејќи децата мора да бидат на прво место. Затоа го обезбедува најосновното нешто, а тоа е способноста да се поврзете со вашите најблиски. Тоа е, заклучуваат во видеото, алатка за подобар живот.

Во денешното време на постојана поврзаност и зависност од екраните, интернетот и социјалните мрежи, се чини дека на овој уред нема место, но сепак има дел од луѓето кои го бараат она што многумина го изгубиле со модерниот начин на живот, нивниот мир, без постојаното бомбардирање на различни известувања и обврски.

"Light Phone" е наменет за такви луѓе кои сметаат дека помалку е суштински повеќе, како примарен телефон или како втор телефон што ќе го користат после работното време.

Новиот модел кој штотуку е најавен носи одредени подобрувања, односно опции без кои луѓето сè уште не сакаат да користат телефони, а станува збор за, како што објасни коосновачот на компанијата "Kaiwei Tang", подобар екран и камери.

"Light Phone 3" има 3,92-инчен "AMOLED" црно-бел дисплеј, се напојува со чипсет "SM 4450" на "Qualcomm", има 6 GB RAM и 128 GB простор за складирање, поддршка за 4G и 5G мрежи, како и "Nano SIM" и "eSIM".

Камерите се наоѓаат на двете страни на телефонот, "8MP" е наменет за правење селфи, додека на задната страна има класична камера од 50MP. Што се однесува до другите опции, телефонот има "USB-C" слот, стерео звучници и два микрофони, поддршката за "GPS", "Bluetooth" и "NFC" е за пофалба, како и читач за отпечатоци. Капацитетот на батеријата е 1800 mAh, а за разлика од модерните паметни телефони, батеријата може лесно да се замени.

"Light Phone III" веќе може да се нарача однапред, а неговата цена е 399 долари, што не е малку за минималистички телефон во кој главниот акцент е ставен на работи кои уредот ги нема, пишува "Zimo".




Спонзорирани линкови

Маркетинг