[ФОТО] Островот кој е рај за туристите е чист пекол за локалното население: Тоа што се случува таму не е нормално

Точка

13/06/2024

12:53

24.538

Големина на фонт

а а а

Проблемот со масовниот туризам е сè поизразен и потежок за локалното население. Особено се погодени медитеранските земји Шпанија, Грција, Италија, но градовите како Амстердам, како и други популарни туристички дестинации.

Прашањето е зошто масовниот туризам му се заканува на локалното население, кога туристите оставаат пари?

Зголемување на цените на недвижностите. Странците купуваат станови, апартмани и викендички, а инвеститорите купуваат цели згради кои ги претвораат во апартмани за наем, со што цените на недвижностите растат.


Сопствениците ги иселуваат станарите за да ги изнајмуваат становите на туристи, па конкретно на Канарските Острови, некои локални жители се принудени да спијат во автомобили или дури и во пештери, додека други се иселуваат од станбените згради кои стануваат „хотели“.


На многу места во Грција семејствата тешко наоѓаат станови за долгорочна кирија, прескапо е да си купат сопствен имот, а на студентите во Солун и Атина особено им е тешко да најдат стан за изнајмување за време на студирањето.

Зголемениот број на туристи доведува до преоптоварување на здравствените установи, така што локалното население не може да дојде на ред за да ја добие потребната здравствена заштита.


На пример, на Санторини живеат 15.500 жители, а годишно го посетуваат повеќе од 2 милиони туристи. Островот, меѓу другото, не може ефикасно да управува со отпадот што се создава во огромни количини.

Многу туристички дестинации, особено островите, имаат проблем со недостиг на вода, а само едно просечно одморалиште користи 400 илјади литри вода дневно.

Кога ќе ги земете предвид еколошките штети од прекумерниот туризам во најпопуларните дестинации, тоа е далеку поголема од профитот.


Некои земји веќе воведуваат одредени мерки како што се ограничување на изградбата на нови туристички комплекси, воведување еколошки такси (како Грција), наплата на влезници во заштитените делови на градот или на целиот град (Венеција), поставување ограничување на летовите, ограничување на број на посетители на плажите и атракции, наплаќајќи влезници на популарните плажи.

А луѓето во Шпанија, на пример, се борат со графити кои се гледаат на секој чекор: „Туристи одете си дома!“, „Туристи не сте добредојдени!“, „Туристи почитувајте ја мојата земја и се вратете се во својата“, а на плажите оставаат „лажни“ табли со предупредувања од типот: „Опасност од паѓање на карпи“, „Забрането пливање поради смртоносна медуза“, „Канализација се влева во морето“ и слично.


Граѓаните на Амстердам отидоа и чекор понатаму, јавно ги повикуваат британските туристи да се вратат во своите домови и им порачуваат дека не се добредојдени, ова е честа тема и во британските медиуми.




Спонзорирани линкови

Маркетинг