[ВИДЕО] Психолог открива: Ако имате еден од овие три симптоми, можеби страдате од анксиозност

Точка

12/06/2024

22:09

8.862

Големина на фонт

а а а

Психологот Лалита Суглани, автор на книгата „High-Functioning Anxiety: A 5-step Guide to Calming The Inner Panic and Thriving“, на Инстаграм открила дека постојат три знаци кои можат да бидат поврзани со анксиозноста, а кои многу луѓе не ги знаат.

Првиот знак е хроничен замор кој го чувствуваме дури и по добро проспиена ноќ. Вториот е „криење зад фасада“.

„Ако се преправате дека сè е во ред, но длабоко во себе чувствувате тага и длабока осаменост, можеби страдате од анксиозност. Не ги споделувате вашите чувства и никој не знае дека нешто се случува со вас. Како резултат на тоа, сите мислат дека сè е во ред, а вие сте празни и неповрзани одвнатре“, навела таа.

На трето место е губењето интерес за активности во кои некогаш сте уживале.

„Тоа можат да бидат нешта кои порано сте сакале да ги правите, но сега ви изгледаат како обврски и ве исцрпуваат. Затоа и престанувате да ги правите, се чувствувате како да сте заглавени во рутина“, вели д-р Суглани.

Анксиозноста често се јавува кај луѓето кои имаат големи очекувања од себе и постојано се плашат дека ќе бидат неуспешни. Високото ниво на анксиозност влијае на способноста за концентрирање, спиење и извршување на секојдневните задачи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг