Најголема промена во последните 10 години: Ова е новиот „Netflix“!

Точка

08/06/2024

20:06

9.788

Големина на фонт

а а а

Станува збор, да бидеме конкретни, апликација за ТВ уреди, на која многумина од нас навикнаа, но мораме да признаеме дека е малку хаотична.

Од компанијата „Netflix“, затоа, најавиле дека започнуваат со големи промени, велејќи дека ќе бидат најголеми во последната деценија. Еден од директорите, Пет Флеминг, рекол дека корисниците „работат очна гимнастика“ и дека тоа мора да се промени.

„Сакавме сето тоа да го поедноставиме“, објаснил Флеминг, истакнувајќи дека во иднина за претплатниците на „Netflix“, кои се околу 270 милиони, пронаоѓањето на атрактивни содржини би требало да биде побрзо и полесно.

Компанијата оваа недела почна со тестирање на новиот изглед, а со време новиот дизајн би требало да биде достапен за поголем број на луѓе. Исто така, ќе се следат и реакциите, односно критиките и пофалбите за новиот дизајн, така што можни се и дополнителни промени.

Новиот дизајн прв го објави „Reuters“, но мора да се каже дека сепак не станува збор за ништо драматично.


На пример, на почната страна нема странично мени, туку главните опции се префрлени во самиот врв од екранот.

Зголемени се картичките со самата содржина, а реорганизирани се и информациите кои се прикажуваат покрај содржината. Посебно се истакнати и некои ситници и занимливости околу филмовите и сериите, па така ќе може да се нагласи ако филмот е два месеци меѓу топ 10 најгледани.




Спонзорирани линкови

Маркетинг