Психолог советува: Ако не сакате вашите деца да развијат анксиозност, не ги правете овие работи

Точка

06/06/2024

15:20

10.082

Големина на фонт

а а а

Според Американското психолошко здружение, анксиозноста е состојба која се карактеризира со чувство на напнатост, загрижени мисли и па дури и физички промени како зголемен крвен притисок, тремор или отежнато дишење.

Луѓето кои страдаат од анксиозни нарушувања обично имаат повторливи наметливи мисли или грижи, поради што тие имаат тенденција да избегнуваат одредени ситуации. Ова нарушување може да се манифестира и со физички симптоми како што се потење, тресење, вртоглавица и забрзан пулс.

Но, како возрасните, така и децата можат да покажат знаци на анксиозност. Психологот и едукатор за образование Џејми Блох предупреди на две навики на родителите кои можат да придонесат за развој на анксиозност кај децата. Во неодамнешната објава на Инстаграм, таа сподели два совети за родителите како да им помогнат на нивните малечки да не развијат анксиозност. Еве што таа издвои.

1. Не преоптоварувајте ги децата

„Дајте им простор прво сами да ги испробаат работите и асистирајте само кога ќе побараат помош“, советува Блох. Тaa наведува дека родителите треба да ги остават децата да преземаат ризици, да експериментираат и да ги тестираат сопствените вештини пред да скокнат да помогнат. „Ако постојано се заземаме за нив, тие стануваат сигурни во тоа и престануваат да ги користат и развиваат сопствените вештини“, додаде таа.


На пример, таа ги советува родителите на поголемите деца да не им ги врзуваат врвките од чевлите, туку прво да ги остават да се обидат да видат што можат сами да направат. „Помогнете доколку е потребно и водете ги низ процесот, но не правете го тоа наместо нив“, вели таа.

2. Не ја пренесувајте вашата вознемиреност и грижи на вашите деца

Според психологот, не е добро кога родителите ги префрлаат грижите на своите деца, но тоа не значи дека никогаш не треба да им кажуваат ништо за нивните грижи.

„Ако вашите деца ви кажат дека си играат сами денес, наместо да паничите и да им поставите стотина прашања зошто се сами, размислете“, советува Блох. Таа им препорачува на родителите да покажат интерес и да ги прашаат што направиле сами и како се чувствувале во тој момент, а доколку изразат желба да си играат со другар/ка, да ги поддржат во нивната желба.


Таа истакнува дека родителите кои имаат деца со анксиозност и ниска самодоверба честопати и самите се вознемирени. Тие се премногу загрижени за сè: безбедноста на нивните деца, нивната среќа и нивната способност да се движат низ светот.

„За да им помогнеме на децата да растат, да бидат издржливи, самоуверени и да управуваат со нивните нормални животни грижи, треба да научиме да не ја пренесуваме нашата вознемиреност врз нив и да разбереме дека болката што ни ја предизвикува животот е често она што ни треба за да изградиме доверба и издржливост“, заклучи психологот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk