Омилената актерка од детството признала дека сè уште спие заедно со својот 11-годишен син: Се огласиле бројни психолози и и остро го осудиле овој став на мајката

Кармин

06/06/2024

12:33

7.813

Големина на фонт

а а а

Пред две години славната актерка Алиша Силвестоурн признала дека спие заедно со својот син, по што предизвикала бура во јавноста.

И ден денес оваа тема предизвикува контрадикторни ставови помеѓу родителите, психолозите и општеството. Како тоа влијае на развојот на едно дете, во каква личност ќе се развива понатаму и подигањето на свеста на родителите е тема на која треба почесто да се дебатира со цел да пораснеме здрави деца во светот кој и онака одамна е излезен од контрола. Предизвик, но нешто во кое не смееме да подвалиме.


Да се потсетиме на ситуацијата со прекрасната актерка и нејзиниот син.

Американската актерка Алиша Силверстоун (47) пред две години признала дека има многу близок однос со својот 11-годишен син Беар, а споделила и дека спијат во ист кревет, поради што се нашла и на мета на негативни критики.

Алиша истакнала дека спие со синот во ист кревет, кој е речиси тинејџер, бидејќи „таа е мајка полна со љубов“.

Ваквиот став ја налутил јавноста, особено родителите, додека многу експерти се согласиле дека 45-годишната Алиша греши во својот метод на воспитување.


„Кога детето почнува да ја преиспитува разликата меѓу половите, влегува во пубертет и/или почнува да покажува непријатност, родителите би требало да престанат да го делат креветот со него. Тоа може да биде веќе во период од пет години“, рекла Рина Пател за „Дејли мејл“, психолог и експертка за родителство.

Таа додала дека „кога детето е мало“, треба да почне да спие самостојно.

„Кога детето ќе прооди, би требала да почне да спие самостојно. Овој родителски стил на воспитување може да предизвика проблеми со границите, па дури и на самата мајка, односно на нејзиниот љубовен живот, бидејќи таа нема доволно време за себе. Верувам дека претерано приврзаното родителство на Силверстон повеќе од веројатно ќе му предизвика проблеми на Беар во иднина. Тоа може да доведе до врсничко насилство (булинг) и треба да се земе предвид социјалната ефикасност и тоа на таа возраст“, додала таа.


Експертката за родителство продолжила со напомена дека Беар треба „да се обиде да спие самостојно“.

„Како што стареат, ќе почнат и преспивања кај пријатели и кампови. Што би се случило во тие ситуации. Кога детето ќе се подготви да се исели или да оди на факултет.“

Клиничкиот психолог д-р Лаура Маркам вели дека приврзаното родителство е корисно до одреден степен, но кога децата почнуваат да растат, премногу приврзаните родители треба да научат како да се оддалечат од тој пристап.


Д-р Маркам додала дека иако малите деца имаат „силна потреба за поврзување со своите родители“, треба да им се дозволи да „истражуваат“ без да бидат „прекумерно контролирани“.

Силверстоун е позната по своите „алтернативни“ начини на воспитување, во нејзината книга од 2014 година „Љубезната мајка“, го спореди дозволувањето на нејзиното бебе да спие одделно во креветче со „занемарување на детето“.


Денес, нејзиниот син има 14 години и искрено се надеваме дека актерката се откажала од ова необично одгледување на дете.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk