Ајнштајн сепак бил во право! Научниците ја потврдија неговата теорија за црните дупки

Точка

23/05/2024

20:45

11.803

Големина на фонт

а а а

Во 1915 година, физичарот Алберт Ајнштајн предвидел дека црните дупки треба да имаат „регион на тонење“ каде што силите на гравитација се преголеми за да тргне материјата по кружен пат околу црната дупка.

Повеќе од 100 години подоцна, научниците конечно потврдија една од теориите на познатиот физичар Алберт Ајнштајн за природата на црните дупки.

Во 1915 година, Ајнштајн предвидел дека црните дупки треба да имаат „регион на тонење“, граница на која гравитациските сили се преголеми за да тргне материјата по кружен пат околу црната дупка.

Сега, научниците открија дека овој регион не само што постои, туку ги содржи и некои од најсилните гравитациски сили во универзумот, објави Одделот за физика на Оксфордскиот универзитет.


Истражувачите од Оксфордскиот универзитет ги извршија првите набљудувања на мигот кога материјата исчезнува низ оваа чудна граница.

“Ова е прв поглед на тоа како плазмата, одлепена од надворешниот раб на ѕвездата, го доживува својот последен пад во центарот на црната дупка“, вели физичарот од Оксфорд кој го водел истражувањето, д-р Ендру Мамери.

Црните дупки се едни од најчудните објекти познати на науката, а се чини дека класичната физика не се применува на нивните рабови. Како што материјата се влече кон неверојатно густиот центар на црната дупка, таа се приближува до областа позната како хоризонт на настани.


Што повеќе материја „тоне“ кон црната дупка, таа се влече во спирална орбита, каде што е здробена во блескав прстен од супержешка плазма. Според Њутновиот поглед на Универзумот, оваа материја треба да продолжи да орбитира по крива патека додека не се сретне со хоризонтот на настани.

Но, според пресметките на Ајнштајн, гравитационите сили околу црната дупка се толку моќни што честичките кои ќе се приближат премногу ќе ги напуштат своите криви патеки и директно ќе се фрлат во црната дупка.


„Теоријата на Ајнштајн предвиде дека овој последен пад се случува, но ова е првпат да покажеме дека тоа се точно. Гледајте го тоа како река која се претвора во водопад. Сме виделе река претходно. Ова е нашиот прв поглед кон водопадот “рече д-р Мамери.

Истражувачите поминале години развивајќи математички модели за да предвидат што ќе се случи кога светлината ќе падне во црната дупка. Овие предвидувања потоа беа споредени со рендгенски телескопи кои ги набљудуваа црните дупки на околу 10.000 светлосни години од Земјата.

Во текот на децениите имаше многу дебата меѓу астрофизичарите за тоа дали може да се открие „регион на тонење“ Но, во нивниот труд, истражувачите тврдат дека ова е првпат некогаш да бидат откриени емисии од овој регион. Овие резултати ни даваат привлечен поглед во последните моменти од патувањето на материјата во срцето на црната дупка.


„Оваа последна капка плазма се јавува на самиот раб на црната дупка и покажува дека материјата реагира на гравитацијата во нејзината најсилна можна форма. Навистина е возбудливо тоа што има многу црни дупки во галаксијата, а сега имаме нова моќна техника за проучување на најсилните познати гравитациски полиња“, вели д-р Мамери.




Спонзорирани линкови

Маркетинг