Победничката на шоуто „Јас имам талент“ – Сузан Бојл, првпат се бакнала на 53 години: Животот ѝ се сменил за 180 степени, а еве што сѐ преживеала

Кармин

21/05/2024

17:28

5.977

Големина на фонт

а а а

Сузан Бојл ги освои срцата на гледачите во 2009 година со учеството на ТВ-натпреварот „Јас имам талент“.

Денес таа изгледа целосно поразлично од тогаш. После мозочниот удар успеала да се врати на пеењето и да продолжи да освојува со својот магичен глас.

Шкотската пејачка Сузан Бојл која се прослави благодарение на британската верзија од натпреварот „Јас имам талент“ во 2009 година, била присутна на доделувањето на наградата „Pride of Scotland“ 2024 година. На црвениот тепих во Глазгов таа пристигнала облечена во розов, вечерен фустан и видно расположена.


Сузан, која била присутна за да додели признание, изјавила: „Почестена сум што сум тука. Ова е неверојатна вечер во која се слават исклучителни луѓе кои заслужуваат посебно признание“.

Која е, каде е и што прави денес Сузан Бојл?

Сузан ги освои срцата на гледачите од Обединетото Кралство и пошироко откако нејзината аудиција од „Јас имам талент“ во 2009 година се појави во јавноста.

Бојл, која во тоа време имала 47 години ја пеела песната „I Dreamed A Dream“, а натпреварот тоа го искоментирал како „една од најнезаборавните аудиции во историјата на емисијата“. Нејзиниот настап ја изненадил публиката, но и судиите Сајмон Кауел, Пирс Морган и Аманда Холден, а таа влезе меѓу 40 полуфиналисти.

Иако Кауел рече дека групата судии имала мали очекувања од неа на аудицијата, тој додал дека своевремено пејачката е совршен пример дека никогаш не треба да судите за книга по нејзините корици.


Осврнувајќи се на својата кариера, во 2019 година Бојл изјавила дека и после 10 години таа е повторно тука. Објаснила: „Славата е толку бизарен концепт и никогаш не била мој мотиватор. Само сакам да пеам за луѓето и да им дадам радост, среќа, накратко да ја отфрлам реалноста и да се забавувам“.

Надвор од својата музичка кариера, Бојл се осврнала на својот личен живот откако стекнала светска слава.

Таа во 2013 година ја открила дијагнозата на нарушување од аутистичен спектар, наречена Аспергеров синдром и како тоа влијаело на нејзиниот живот и кариера.

Следната година Сузан говорела за својот љубовен живот и рекла дека излегува со своето прво момче, доктор којшто го запознала на турнеја и со кој првпат се бакнала.

Исто така била искрена за својата љубов кон децата. Во поткаст во јуни 2019 година говорела за својата желба да основа семејство и дека жали што нема свои деца. Сузан објаснила: „Па, кога работите малку ќе стивнат, можеби би сакала посвојам дете“.


Бојл во последните години се соочила и со други здравствени проблеми. Во април 2022 година доживеала мозочен удар за што говорела во јуни 2023 година.

На социјалните мрежи споделила повеќе детали за својот здравствен страв од претходните години и дека работела на закрепнување во последните години. Напишала: „Изминатите години толку се трудев да го вратам својот говор и пеењето, со една цел, повторно да можам да застанам на сцена“.

Што се однесува до тоа како се носи со својата слава, Сузан рекла дека е „обична Сузан дома и дека никогаш не сака да стане дива“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk