Актерот ја збуни јавноста по оваа изјава: „Не се оженив за мајка ми да не биде љубоморна“

Точка

16/05/2024

11:32

2.265

Големина на фонт

а а а

Комичарот Марлон Вејeнс познат е по своите урнебесни улоги, но се чини дека по оваа изјава ќе остане запаметен како вистински мамин син.

Во неодамнешно интервју, актерот ја отворил душата, па признал дека неговата мајка е главната причина поради која досега не се оженил.


„Смртта на мојата мајка ме скрши. Ме скрши на милион делови. Не се оженив затоа што не сакав мојата мајка да биде љубоморна на жена. Никогаш не сакав мајка ми да се почувствува како да е на второ место во однос на друга жена“, изјавил комичарот за „NYT“.

„Мајка ми имаше многу барања. Кога беше на смртна постела ѝ реков: Никогаш не се оженив затоа што сакав ти да ми бидеш девојка број еден. Тоа беа последните зборови кои ѝ ги упатив, а потоа додадов: Однеси го тоа со тебе на небото“, изјавил актерот.


Инаку, мајката на актерот починала во текот на 2020 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг