Објавено ново истражување за инјекциите за слабеење: „Ова навистина менува се“

Точка

15/05/2024

20:18

16.545

Големина на фонт

а а а

Инјекциите за слабеење би можеле да го намалат ризикот од срцев удар и да го подобрат кардиоваскуларното здравје на милиони возрасни ширум светот, покажало новото големо истражување. „Ова би можело да биде најголемото медицинско откритие од статинот (лек за намалување на нивото на холестерол во крвта)“, велат научниците, пренесува „Guardian“.

Новото истражување утврдило дека учесниците кои го зеле лекот семаглутид, активна состојка во лековите како „Wegovy“ и „Ozempic“, имале 20 проценти помал ризик од срцев удар, мозочен удар или смрт поради кардиоваскуларни болести.

Истражувањето, претставено на Европскиот конгрес за дебелина (ECO), а кое го воделе научници од „University College London“, исто така открило дека семаглутидот довел до подобрување на кардиоваскуларната состојба кај учесниците, без оглед на нивната почетна тежина или тежината што ја изгубиле. Истражувањето сугерира и дека оние со блага дебелина или оние кои изгубиле само мала количина на тежина би можеле да доживеат големи подобрувања во кардиоваскуларниот систем.

Професорот Џон Динфилд, директор на Националниот институт за истражување на кардиоваскуларни ефекти и главен автор на истражувањето, рекол дека резултатите покажуваат дека лекот треба рутински да се препишува за лекување на кардиоваскуларни болести и дека би можеле да го користат милиони луѓе ширум светот.


„Овој лек менува се“

„Овој фантастичен лек навистина менува се. Ова истражување сугерира дека тука постојат потенцијално алтернативни механизми за подобрување на кардиоваскуларниот резултат, освен губење на телесна тежина … Сосема е јасно дека тука се случува нешто друго, што го погодува кардиоваскуларниот систем“, рекол тој Денфилд.

Истражувањето вклучувало 17.604 возрасни луѓе на возраст од 45 или повеќе години со индекс на телесна маса над 27 од 43 земји. На учесниците кои претходно доживеале кардиоваскуларен настан како срцев удар, им била припишана или неделна доза од 2,5 мг семаглутид или плацебо во текот на период од 40 месеци.

Од 8.803 заболени во групата кои примале семаглутид, 569 од нив (6,5%) доживеале примарен кардиоваскуларен настана, како што е срцев удар, во споредба со 701 (8%) од 8.801 заболени во плацебо група.

Динфилд реко дека во 90-тите статинот – лекот кој го намалува холестеролот – го сметале за медицинско откритие и револуција во лекувањето на кардиоваскуларните болести и додал дека семаглутидот може да се смета исто толку револуционерен во поглед на подобрувањето на кардиоваскуларното здравје. „Сега имаме класа лекови кои би можеле да трансформираат многу хронични болести“, рекол тој.

„Мислам дека во следните 10 години ќе видиме радикална промена на здравствената грижа“, рекол тој.


Изгубиле во просек 10 проценти од телесната тежина

Друго истражување базирано на истото клиничко испитување открило дека учесниците на кои им бил препишан семаглутид во просек изгубиле 10,2 проценти од телесната тежина и 7,7 центиметри во подрачјето на половината во период од четири години, додека плацебо групата изгубила 1,5 проценти од телесната тежина и 1,3 центиметри во подрачјето на половината.

Посебно истражување кое го проучувало новиот лек за слабеење открило дека би можел да биде многу поефикасен од оние кои се веќе на пазарот. „Retatrutide“, неделна инјекција, делува така што го сузбива апетитот и му помага на телото да согорува повеќе маснотии, покажало клиничкото испитување.

Испитувањето на 338 учениците кои живеат со дебелина покажало дека учесниците изгубиле 24 проценти од својата телесна тежина во период од 48 недели. Научниците велат дека е поефикасен за слабеење од „Ozempic“ и „Wegovy“, кои делуваат само на намалување на апетитот.

Професор Навид Сатар од Универзитетот во Глазгов, кој работел на истражувањето на други третмани за слабеење, рекол: „Пред пет или десет години не можевме да замислиме лекови кои би предизвикале вакво губење на тежината. Истражувањето сугерира дека лекот може да донесе до дополнително губење на тежина. Ако го даваме подолго, верувам дека може да донесе до загуба од 30 проценти од телесната тежина“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг