Бојан Јовановски – Боки 13, соопшти дека денеска во 10 часот е повикан на информативен разговор во П.С Кисела вода (Пролече) во врска со пријава за загрозување на безбедност согласно член 144 од КЗ.
Тој на социјалната мрежа Фејсбук напиша:
„Утре во 10 часот сум повикан на информативен разговор во П.С Кисела вода ( Пролече ) во врска со пријава за загрозување на безбедност согласно член 144 од КЗ. Ова го чувствувам за директен притисок и обид за цензура од страна на засегнатите лица во врска со мојот настап кај Лазаров!!!
Ги повикувам медимите и најавувам изјава за јавноста по завршување на информативниот разговор“, објави Бојан Јовановски.
Инаку, Јовановски претходно вчера објави дека веќе неколку дена е цел на закани и притисоци со цел да го откаже второ гостување на поткастот.
Утре во 10 часот сум повикан на информативен разговор во П.С Кисела вода ( Пролече ) во врска со пријава за загрозување...
Posted by Boki Jovanovski on Monday, May 6, 2024