Државната изборна комисија (ДИК) ги соопшти во саботта освоените мандати за пратеници во новиот парламентарен состав по изборите одржани на 8-ми мај годинава.
Како што информира претседателот на ДИК, Александар Даштевски, за изборните единици 5 и 6 каде на одредени избирачки места ќе треба да се прегласува, резултатите се добиени со симулација и посебна техника врз основа на Донтов модел и со нив се опфатени пратениците кои сигурно ќе влезат во Собранието. По прегласувањето, ДИК со посебен заклучок ќе ги објави дополнителниот број освоени мандати.
Во ИЕ 1, коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ има 80.963 гласови и 10 мандати, коалицијата „За европска иднина“ – СДСМ има 27.164 гласови и три мандат, Левица освоила 20.989 гласови и два мандата, коалицијата „Вреди“ 21.627 гласови и два мандата, коалицијата „Европски фронт“ 20.586 и два мандата, додека Движењето ЗНАМ 11.944 гласови и еден мандат.
Во ИЕ 2, коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ има 66.422 освоени гласови и осум мандати, коалицијата „Европски фронт“ – ДУИ 60.625 гласа и четири мандати, коалицијата „Вреди“ 25.864 гласови и три мандата, ЗНАМ 16.264 гласови и два мандата, коалицијата „За европска иднина“ – СДСМ 18.631 глас и два мандата и Левица 10.654 гласови и еден мандат.
Во ИЕ 3, коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ добила 96.545 гласови и 14 мандати, коалиција „За европска иднина“ 33.601 глас и 4 мандати, Левица 13.404 гласови и еден мандат, додека ЗНАМ 9 426 гласови и еден мандат.
Во ИЕ 4, коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ има 96.551 глас и 13 мандати, коалиција „За европска иднина“ – СДСМ 41.965 гласа и пет мандати, Левица 12.428 гласови и еден мандат и ЗНАМ освиле 8.416 гласови и еден мандат.