Здравствената состојба на словачкиот премиер Роберт Фицо се стабилизирала, а најголемите стравови се минато, изјави денеска неговиот заменик Роберт Калинак, но додаде дека засега нема да биде префрлен од болницата во Банска Бистрица.
„Нема веќе непосредна опасност по неговиот живот, но неговата состојба останува сериозна и бара интензивна нега. Можеме да сметаме дека неговата состојба е стабилна, а прогнозите се позитивни“, рекол Калинак пред болницата.
„Сите сега се чувствуваме малку поопуштено“, додал тој.
Роберт Фицо во средата беше ранет во пукање по седницата на владата во Хандлова, градот во централна Словачка.
Мирјам Лапуникова, директорка на Универзитетската болница Рузвелт во Банска Бистрица, каде Фицо бил примен, во четвртокот изјавила дека премиерот бил подложен на петчасовна операција со два хируршки тимови кои лекувале повеќе прострелни рани.
Лапуникова и Калинак изјавиле дека во петокот премиерот бил подложен на уште една операција за отстранување на некротично ткиво од рана.
Словачката полиција обвини 71-годишен маж за обид за убиство.
Пукањето е прв голем обид за убиство на европски политички лидер во повеќе од 20 години и предизвика меѓународна осуда.