Легендарната актерка со децении не се појавува во јавност, тврди дека луѓето се свртеле против неа

Точка

27/04/2024

10:34

3.977

Големина на фонт

а а а

Американската актерка Шели Дувал стана светска ѕвезда по филмот „The Shining“ на Стенли Кјубрик. Но, таа веќе неколку децении не се појавува во јавноста, а во новото интервју објаснува со какви потешкотии се соочила.

Кјубрик беше познат по тоа што барал од актерите стотици пати да снимаат една иста сцена. Дувал во неколку наврати изјави дека тој бил особено строг кон неа бидејќи сакал да го сними „совршениот“ хорор филм, што го нарушило нејзиното ментално здравје.


„Имаше сцени во текот на кои не знаев дека ме снимаат. Ја знаете онаа сцена во која девојчињата стојат на крајот од ходникот, а потоа се разделуваат и гледате што има зад нив? Тоа беше многу страшно“, изјавила актерката за „The New York Times“.

Денес Шели живее со својот долгогодишен партнер Ден Гилрој во Тексас, далеку од очите на јавноста.

„Бев ѕвезда. Имав главни улоги. Луѓето мислат дека се работи за стареење, но не е. Тоа е насилство. Како би се чувствувале кога луѓето би биле добри со вас, а потоа одеднаш се свртеле против вас? Никогаш не би верувале дека тоа може да се случи додека не го доживеете истото, ќе бидете повредени затоа што не можете да верувате дека тоа е вистина“, вели таа.

Гилрој навел дека нејзиното ментално здравје дополнително се влошило откако земјотресот во 1994 година го уништил нејзиниот дом во Лос Анџелес.

„Сè започна да се распаѓа кога почна да се плаши од различни работи и веројатно не сакаше да работи поради тоа. Тешко е да се издвои само еден виновник за нејзината состојба. Стана параноична и мислеше дека некој ја напаѓа. Ги контактираше ФБИ и го молеше нашиот сосед да ја заштити. Беше шокантно како одненадеж нејзиното здравје се наруши“, раскажал тој.




Спонзорирани линкови

Маркетинг