Еден од најсмешните акциони филмови во последните години, пристигна на Нетфликс

Точка

09/05/2024

10:45

2.388

Големина на фонт

а а а

Филмот „Bullet Train“, кој многумина го сметаат за еден од најсмешните акциони филмови во последните години, пристигна на Нетфликс.

Бред Пит ја игра улогата на Бубамара (Ladybug), несреќен убиец кој решил да си ја врши работата на помирен начин откако некои мисии тргнале наопаку. Сепак, судбината има други планови бидејќи Бубамара се спротивставува на смртоносните убијци од целиот свет - сите сo поврзани, но спротивставени цели во најбрзиот воз на светот. Затоа мора да најде начин да избега.

Филмот беше прикажан во кината во 2022 година, а во него игра и Арон Тејлор-Џонсон, кој со таа улога си заработи понуда за новиот Џејмс Бонд.

„Тејлор-Џонсон всушност во „Bullet Train“ докажа дека може да го игра Бонд“, вели еден корисник во коментарите на X.

„Bullet Train“ многумина го споредуваат со филмовите на легендарните режисери Гај Ричи и Квентин Тарантино.

„Bullet Train“ е забавен филм кој потсетува на подобрите крими комедии на режисерот Гај Ричи, како што е и „The Gentlemen“, но како што сугерира и насловот, овој е побрз и погласен“ коментира филмски критичар од „New York Post“




Спонзорирани линкови

Маркетинг