Принцот Хари пристигна во Лондон, кралот Чарлс нема да се види со него „бидејќи е премногу зафатен“

Точка

09/05/2024

14:47

1.930

Големина на фонт

а а а

Принцот Хари се појави во лондонската катедрала Свети Павле на прославата на 10-годишнината од одржувањето на меѓународниот спортски настан „Invictus Games“, кој тој го основаше, а станува збор за мултидисциплинарен спортски настан за ранети и болни воени ветерани.

Додека Хари присуствувал на службата, кралот Чарлс беше домаќин на првата годишна градинарска забава во Бакингемската палата, придружуван од другите постари членови на кралското семејство.


Принцот Хари весело им мавтал на присутните, а во Велика Британија пристигна без сопругата Меган Маркл, која ќе му се придружи на вториот дел од патувањето во странство од Калифорнија. Принцот беше поддржан од членовите на семејството на покојната принцеза Дајана, што трогна многумина.

За време на неговата посета на Велика Британија, Хари нема да се види со својот татко, кралот Чарлс, бидејќи „кралот ќе биде премногу зафатен“, изјави портпаролот на Хари.

Сè уште не е познато дали Хари ќе се сретне со својот брат Вилијам и неговата сопруга Кејт, која се лекува од рак.



Спонзорирани линкови

Маркетинг