„Симпсонови“ го „убија“ ликот кој 35 години редовно се појавуваше во популарната серија

Точка

24/04/2024

11:30

5.679

Големина на фонт

а а а

„Симпсонови“ во новата епизода емитувана минатиот викенд го „убија“ Лери. Редовниот гостин на „Moe’s Tavern“ почина токму во барот каде што беше редовен гостин уште од првите епизоди на популарната серија во 1989 година.

Хомер, Мо, Лени и Карл во последната емитувана епизода присуствуваат на погребот на Лери, каде што сфаќаат дека знаат многу малку за него со оглед на бројот на години колку што се познавале, пренесува „NME“.

Затоа, Хомер се прашува дали тие можеби се „ужасни луѓе“.

Во својот говор на погребот, мајката на Лери ги споменува токму редовните гости на омилениот бар во Спрингфилд.

„Мојот Лоренс секогаш зборуваше за неговите најдобри пријатели, момците од ‘Moe’s Tavern’“, по што таа ги охрабрува да дојдат и да кажат неколку зборови за него.

Хомер, Мо, Лени и Карл добиваат задача да ја однесат пепелта на Лери на неговото „посебно место“ – Серенити Фолс, откако неговата мајка им подарува групна фотографија на која се сите заедно.

Иако беше тивок лик кој не беше клучен за главните точки на заплетот на серијата, Лери редовно се појавуваше во „Moe’s Tavern“ уште од првите епизоди во 1989 година, што ја прави неговата смрт значајна за многу фанови на „Симпсонови“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг