Миа и нејзината сестра се сијамски близначки, но едната сака жени, а другата мажи: Еве зошто одлучиле да немаат интимни односи, но откриле што смеат да прават

Точка

02/05/2024

14:06

7.008

Големина на фонт

а а а

Миа и Лиа се 19-годишни сијамски близначки кои со својата објава на социјалната мрежа „Reddit“ предизвикале огромно внимание од јавноста.

Имено, тие две откриле дека, иако се сијамски близначки, не го сакаат истиот пол.

На гореспоменатата мрежа тие детално ги опишале своите сексуални искуства и објасниле зошто повеќе не мастурбираат.

Миа и Лиа на самиот почеток откриле дека делат иста вагина, но дека едната сака мажи, а другата жени.

„Се викаме Миа и Лиа (ова не се нашите вистински имиња, но се слични). Имаме 19 години. Поврзани сме во стомакот, но имаме два мозоци, две срца, два пара бели дробови, но делиме иста вагина. Секоја од нас има една рака и една нога кои можеме самостојно да ги контролираме“, објасниле тие.


Миа тогаш признала дека ѝ се допаѓаат жени, додека нејзината сестра има афинитет кон мажите.

„Јас имав девојка, а таа момче. Порано мастурбиравме, но се договоривме да не го правиме тоа бидејќи ни беше навистина непријатно“, искрени се тие.

На прашањето на извесен „Reddit“ корисник „зошто им пречи мастурбацијата“, тие две одговориле:

„Замислете некој да ви го допира рамото, непрестајно. Би било доста досадно и чудно, нели? Значи, доколку Лиа ја допира нашата вагина, се чувствувам како некој да се плетка со моето тело“, изјавиле тие.

Тие две објасниле дека сексуалното возбудување е сложена хормонска комуникација помеѓу мозокот и гениталиите.

„Чувствувам дека таа е возбудена и тогаш кога јас не сум. Исто е и кога сме гладни“, напишала Миа.

Сестрите признале дека одамна одлучиле да немаат интимни односи со никого, а како причина ги навеле бременоста и непријатноста.

„Доколку забремениме, големи се шансите да умреме. Меѓутоа, и понатаму постои можност да бидеме интимни со нашите партнери. Никој не ме спречува да се бакнувам и гушкам со својата девојка“, продолжиле тие.

Друг пар на сијамски близначки, Еби и Британи Хенсел, одлучиле да имаат сексуални односи, а едната од нив неодамна и стапила во брак.


„Да, ние доживуваме оргазам заедно, но кога јас сум интимна со својот сопруг, таа чита книга или гледа криминалистички поткаст за да може да го спречи умното задоволство.

Меѓутоа, Миа и Лиа се откажале дури и од оралниот секс

„Чувствувам кога некој ми ја допира вагината и би било ужасно некој со кој не сум во врска да ми ги допира интимните места, истото е и со Лиа. Замислете некој да ги допира и се игра со вашите интимни делови, а воопшто да не сте вклучени во тоа. И да, планираме да не ги задоволуваме нашите сексуални нагони. Доколку тоа го можат чесните сестри, можеме и ние“, заклучиле.




Спонзорирани линкови

Маркетинг