Речиси и да нема куќа во Македонија која во својот двор порано немала дрвце јоргован.
Нежниот и смирувачки мирис на ова рајско растение, е само една од причините зошто тоа дрво е толку популарно во нашата земја, но исто така и на Балканот.
Многумина ќе се израдуваат кога ќе дознаат дека јоргованот е издржливо растение, иако делува толку нежно и елегантно.
Не е потребна посебна нега за него и прилично лесно успева, а покрај препознатливиот син, односно виолетов цвет, постојат и нежни розови, како и бели јорговани кои се еднакво убави и прекрасно мирисаат. Јоргованот е цветот којшто во домот треба да го имате во текот на Велигден.
Постојат интересни христијански легенди за тоа како јоргованот настанал, односно како го добил својот препознатлив цвет и мирис.
Имено, кога го распнале Исус Христос, Богородица била тажна и очајна, па така чекорела не знаејќи каде оди.
Седнала да се одмори пред некое дрво преполно со лисја и така заспала. Тогаш од дрвото полека почнале да паѓаат лисја.
Кога Богородица се разбудила ѝ било топло. Ги видела лисјата на себе, а кога го погледната дрвото, тоа целосно било голо. Тогаш го благословила со следните зборови: „Биди благословено и мирисливо засекогаш“. Во тој момент, дрвото повторно процветало.