„Се сеќавате на мојата фотографија на која плачам?“: Принцезата Дајана го опишала моментот кога сфатила дека Чарлс ја изневерува со Камила

Точка

20/04/2024

17:48

8.015

Големина на фонт

а а а

Популарно е видеото, но и фотографиите на кои принцезата Дајана во црвен капут плаче откако го испраќа сопругот на петнеделен пат.

Сите мислеле дека причината за тоа е тоа што тој ќе ѝ недостасува, но таа години подоцна раскажала што се случило пред неговото тргнување на пат.

Принцезата Дајана била една од ретките членови на британското кралско семејство кои говореле за својот живот, емоции, проблеми, а без сомнеж до денес никој не бил поотворен и подиректен од неа.

Таа зборувала за својата булимија, проблемите со менталното здравје, осаменоста и други работи кои ја мачеле, но и за фактот дека принцот Чарлс ја изневерувал.


Љубовниот триаголник којшто со нив го сочинувала Камила, љубовницата на Чарлс, уште од почетокот на 70-тите е еден од најпознатите во историјата, а Дајана го спомнувала повеќе пати.

Популарно е нејзиното интервју кое го дала за „BBC“ во кое истакнала дека во бракот ги има тројца, а тука е и книгата „Дајана: Нејзините зборови“ на Ендру Мортон којшто ја напишал врз основа на нејзините тајно снимени исповеди, а познато е дека биле снимени разговори на принцезата Дајана и Питер Сетелен, нејзиниот тренер за јавен настап и говор.

Како принцезата Дајана сфатила дека принцот Чарлс ја изневерува?

Во исповедите Дајана била многу искрена, па дури зборувала и за својот сексуален живот со Чарлс, а се осврнала и на моментот кога сфатила дека Чарлс ја изневерува со Камила Паркер. Како што истакнала, нејзиниот сопруг на својата љубовница ѝ купил посебен подарок, а таа наишла на неотворен пакет.

„Можеби се сеќавате кога ја видовте мојата фотографија на која плачам, облечена во црвен капут, кога тој замина со авион. Тоа немаше никаква врска со неговото заминување на пат. Најстрашната работа се случи пред да замине“, раскажала Дајана.

„Бев во неговата работна соба и разговарав со него за патувањето. Му заѕвони телефонот, тоа беше Камила. Баш пред неговиот петнеделен пат. Па, помислив: Дали да бидам фина или само да седам тука? Помислив да бидам фина, па ги оставив и тоа едноставно ми го скрши срцето“.


Во друго видео, таа објаснува како го пронашла подарокот којшто Чарлс имал намера да ѝ го даде на Камила.

„Сѐ уште бев незрела за да ги разберам сите пораки кои стигнуваа до мене. А, потоа некој во неговиот кабинет ми рече дека сопругот барал за неа да направат алка. Еден ден влегов во канцеларијата на тој човек и кажав: Што има во тој пакет?, а тој додаде: О, не треба да го гледате тоа.

Го отворив пакетот и внатре имаше алка. Бев скршена и реков: Па, тој ова ќе ѝ го даде вечерва“, признала принцезата.

Како што открила, тие настани ја довеле до тоа што сакала да ја откаже венчавката. Отишла на ручек со своите сестри Сара и Џејн и им кажала дека не може да се венча за него.


„Пронајде девица, жртвено јагне, а на некој начин беше опседнат со мене. Но, беше топло и ладно, топло и ладно, никогаш не би знаела како е расположен, горе-долу, горе-долу“, раскажала принцезата на која сестрите ѝ рекле дека е предоцна за да откаже сѐ.

Чарлс и Дајана се венчале на 29 јули 1981 година во катедралата Свети Павле, пет месеци откако објавија дека се верени.

Наредните години ги добиле принцовите Вилијам и Хари. Официјално се развеле во 1996 година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг