Дали вашите бели дрвени елементи во домот пожолтуваат? Брзо и лесно вратете ја нивната бела боја и стариот сјај

Кармин

19/04/2024

12:32

5.773

Големина на фонт

а а а

Станува збор за мешавина од природни состојки со кои може да ги исчистите дрвените елементи во вашиот дом и повторно ќе блеснат како нови.

Вашиот стан е чист и уреден, но дрвените елементи, меѓу кои најчесто рамките на прозорците се пожолтени и изгледаат валкано? За да не морате повторно да шмирглате и обоите сè, еве совети како да ја вратите бојата со природни состојки и без употреба на хемиски препарати.


Не е невообичаено белото дрво да добие непријатна жолта нијанса, особено ако во просторијата се пуши. Ова се случува и од други причини како староста на елементите, готвење, прашината, нередовното чистење и низа други причини.


Ако, за жал, ова се случило и во вашиот дом, и повеќе не можете да ги гледате жолтите рамки на прозорците или пожолтените врати, земете сода бикарбона, лимонска киселина и вода и натопете ја со оваа смеса вашата крпа и добро исчистете ги елементите. Нема да верувате колку лесно и брзо ќе го вратите изгледот дрвото кое ќе изгледа како ново. Повторно ќе стане чисто бело и основната боја нема да се оштети.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk