[ФОТО] Шерон Стоун со 18-годишниот син кој речиси никогаш не се појавува и еве како изгледа славниот наследник денес: „Не верував дека посвојувањето е готово, сè додека не го зедов во раце“

Кармин

18/04/2024

21:29

16.367

Големина на фонт

а а а

Познатата актерка Шерон Стоун не се појавува толку често со своите синови во јавноста. Роуан прави исклучок кога ја придружува на црвениот тепих, а Лерд, кој со неа денес бил во Беверли Хилс, е исклучителна реткост да биде забележан во јавноста. Истото може да се каже и за Квин Стоун.

Лерд Стоун има 18 години, а гордата мајка уживала на совозачкото седиште додека уживале во возењето заедно. Повеќето ѕвезди се мрзоволни кога ќе забележат папараци, но не и Шерон Стоун, која секогаш на тоа внимание возвраќа со насмевка.


Актерката Лерд го посвоила во 2005 година. „Со години се обидував да посвојам дете, со тешкотии. Така, навистина, не верував во тоа додека тој не беше во моите раце“, изјавила за „People“.


Во 2017 година, нејзиниот син ѝ ја доделил наградата мајка на годината, заедно со неговиот брат, велејќи: „Мајка ми ја заслужува оваа награда. Те сакам, мамо“.


Истата година, тој заедно со мајка си и Роуан, прошетал на црвениот тепих на холивудската премиера на филмот „A Little Something for Your Birthday“.


Со години била разделена од својот прв син

Во 2000 година, актерката го добила синот Роуан со нејзиниот поранешен сопруг Фил Бруинштајм, со кого била во брак од 1998 до 2004 година. Шерон Стоун, зад себе, исто така, го има и бракот со Мајкл Гринберг.

По 6 години брак, Шерон и Фил се развеле во 2004 година и им било доделено заедничко старателство над нивниот син. Поранешниот пар се договорил нивното дете првенствено да живее со својот татко во Сан Франциско во текот на учебната година. Меѓутоа, во 2008 година, актерката го оспорила договорот и побарала Роуан да се пресели во нејзиниот дом во Лос Анџелес, иако судијата во тој град го одбил нејзиното барање. Меѓутоа, мајката и синот останале блиски во текот на неговото детство.


Шерон во 2023 година изјавила дека судската одлука ѝ го скршила срцето и дека завршила во болница.

Синовите на Шерон Стоун јавно ѝ оддале признание во 2017 година на настан организиран за поддршка на борбата против ракот на дојка и простата. Роуан ги цитирал нејзините зборови: „Однесувајте се со другите како што би сакале да ве третираат и дајте сè од себе“.

Овој наследник актерството го одбрал за своја професија, има 23 години, а во 2020 година позирал за магазинот „Odd“.

Неговата мајка, која се занимава и со сликарство, изјавила дека тој е талентиран и „дувач на стакло“.


Актерката го има и синот Квин (17), кој расте далеку од очите на јавноста. Кога имал 6 години присуствувал на ревијата на „Dior“ заедно со својата мајка. Шерон во 2018 година изјавила дека тој на училиште се занимавал со рагби.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk