[ФОТО/ВИДЕО] Се појавило како мозолче, а подоцна пораснало со големина на лубеница: Автомеханичарот Тим 16 години живеел со тумор од 5 килограми

Точка

18/04/2024

19:33

2.437

Големина на фонт

а а а

Автомеханичарот Тим, кој повеќе од 15 години се борел со огромен тумор на вратот, конечно почнал да води нормален живот по комплицираната и опасна операција.

Тим, 62-годишен автомеханичар од Скотсдејл, Аризона, имал тумор тежок речиси 5 килограми кој му израснал од десната страна на лицето и вратот. Како што раскажал, сè започнало пред 16 години, кога од мало мозолче покрај увото постепено пораснало во топче за голф, се до тениско топче и поголемо. На крајот станало толку големо што почнало да му го притиска увото, вилицата, вратот и грлото.


Трпел неподносливи болки поради големината на туморот

Во времето кога туморот почнал да се зголемува, тој имал 46 години. Поради големината и тежината, потполно го искривил лицето на Тим. Поради сите компликации имал страшни главоболки. Како што и самиот вели, имал чувство дека кожата му се кине, а можел да јаде само од левата страна на устата и тоа стоејќи бидејќи туморот често му паѓал во храната.

Неговиот најголем проблем било тоа што немал осигурување да го покрие овој тип на операција, па со години трпел и страдал, сè додека не се пријавилл во емисијата „Take My Tumor“ на „TLC“, во кој д-р Рајан Озборн им помага на пациентите со тешки форми на тумори.


„Да се надеваме дека д-р Озборн е целосно способен да го отстрани овој „ѕвер“. Мора да верувате во некого и јас едноставно му дозволив на д-р Озборн да ја направи својата магија. На крајот од денот само сакам да бидам полунормален, а ретко се чувствувам така“, изјавил Тим.

Отпрвин мислел дека е мозолче

Тој раскажал и како мислел дека туморот е всушност мозолче. Во еден момент, кога почнал да станува како зрно грашок, почнал да бара од другите луѓе да му помогнат да ги исцеди. Сè додека не сфатил дека станува сè поголем и поголем.

„Еден ден се гледаш во огледало и само помислуваш: ’Ох, станало поголемо‘“, раскажал тој, додавајќи дека подоцна се осврнал кон Интернетот во потрага за одговори.


Туморот му правел големи проблеми со облекувањето

Со текот на годините, Тим го користел туморот како одбранбен механизам со цел да се избори со својот бениген мал тумор и да направи луѓето да се чувствуваат помалку непријатно околу него и неговиот раст.

Но, масата од неколку килограми сепак му пречела во животот. Тој раскажал како морал да го подига туморот нагоре и преку рамото како би ја свртел главата додека вози, а израстокот му пречел кога се обидувал да маневрира под автомобилите за да ги поправи.

Целата облека му била растегната за да може да го собере израстокот и често не спиел доволно, па морал да лежи на левата страна со десниот лакт под туморот за тежината да не му го згмечи вратот.

Д-р Озборн бил неговата единствена надеж

Но, со помош на д-р Озборн, Тим успеал да го отстрани израстокот, кој го нарекол „Малиот Тими“.


„За навистина да ја цените големината на овој тумор, мора да го видите лично“, докторот му објаснил на Тим.

По испитувањето на израстокот, докторот рекол дека се сомнева дека туморот доаѓа од паротидната жлезда на Тим – жлездата која произведува плунка. Појава на тумор во оваа жлезда не е невообичаено, но обично се со големина на орев. Еден голем како оној на Тим е „необичен“ и повеќе наликува на лубеница“, зборувал д-р Озборн.


Иако хирургот бил задоволен од отстранувањето на масата, тој изразил загриженост поради оштетувањето на фацијалните нерви кои минуваат низ неа – отстранувањето на погрешната може да доведе до парализа на лицето. Докторот му рекол на Тим дека дури и ако операцијата е успешна, би можеле да поминат шест месеци пред да му се врати целосната функција и чувство на лицето.

По операцијата започнал нормален живот

Додека неговите инстинкти му говореле дека туморот е бениген, со оглед на тоа што толку долго растел, постоела шанса клетките да мутирале и станат малигни. Без оглед на сето тоа, туморот морал да биде отстранет, и тоа наскоро.

Туморот бил потполно бениген, без знаци на рак. Резултатите покажале дека растот бил „конзистентен со бенигниот тумор на паротидната жлезда наречен плеонорфен аденом“.

Седум недели по операцијата, Тим излегол надвор без да се грижи дали луѓето го гледаат или исмејуваат и успеал да се избричи за првпат во последните две недели.


„Од операцијата се чувствувам полесно. Немав болка. Беше многу полесно отколку што очекував … Чувството е фантастично. Кога туморот беше таму, таа проклета работа беше ужасна. Добро што го нема повеќе. 16 години беше доволно. Каде и да се појавам, сите навистина се среќни поради мене“, раскажал Тим.




Спонзорирани линкови

Маркетинг