„Судбината му е запечатена“: Кремљ изнесе злокобно предупредување за Зеленски – тој ќе мора да се правда, а ние мора да ја продолжиме војната

Точка

30/04/2024

21:00

4.217

Големина на фонт

а а а

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјавил дека луѓето во Украина ќе го доведат во прашање легитимитетот на претседателот Володимир Зеленски, додавајќи дека верува дека неговата судбина е „запечатена“.

Како што пренел „Њузвик“, неговите коментари нашироко ги пренеле руските државни медиуми кои укажале дека во март во Украина немало Уставно прописни избори поради воената состојба како последица на руската инвазија.

Зеленски беше избран за претседател во 2019 година, а некои од американските конгресмени повикувале на одржување на избори во воено време.


Но, и владата и опозицијата во Украина изразиле сомнеж во одржливоста на изборите. Покрај тоа што милиони гласачи биле разместени, а Москва контролира речиси една петтина од украинската територија, тука се и оштетените инфраструктури, застарени избирачки списоци и недостаток на средства, наведува порталот.

„Судбината му е запечатена“

Но, Песков во текот на интервјуто со прорежимскиот новинар Павел Зарубин, изјавил дека украинските гласачи биле незадоволни поради недостатокот на избор.

„Ми се чини дека судбината на Зеленски е запечатена“, изјавил тој, пренел „Њузвик“.

„За кратко време ќе дојде момент кога многу од луѓето, вклучувајќи ги и оние во Украина, ќе го доведат до прашање неговиот легитимитет“, изјавил Песков во интервјуто прикажано на програмата „Москва.Кремљ. Путин“ и објавено на канал на Телеграм.

„Тој ќе мора некако да се оправда. Но, за нас е главно тоа што мора да ја продолжиме војната. Мора да се заштитиме и мора да ги исполниме задачите кои си ги поставивме“, изјавил Песков.


Тој исто така кажал дека „се зголемува паниката на украинската страна од фронтот“.

„Многу е важно за нас да го одржуваме замавот и да не запреме“, изјавил Песков додавајќи дека „другата страна“ која тој ја опишал како „колективен Запад плус еден“, ќе ја тестираат Русија на предизвик.

Песков додал дека главната работа за Русија е да не покаже слабост. „Њузвик“ наведува дека барал коментар од украинските претседателски канцеларии.

Што покажале анкетите?

Порталот укажува дека анкетите во Украина покажале дека поголем дел од граѓаните не сакат избори во воени услови.

Истражувањето на киевската фирма SOCIS, спроведено меѓу 22 февруари и 1 март, открило дека 59,7 отсто од Украинците веруваат дека годинава не треба да има избори поради војната, додека пак под четвртина сметаат дека треба да се одржат.

Одвоено истражување од декември на Меѓународниот институт за социологија во Киев открило дека довербата на Украинците во Зеленски се намалила од 84 отсто од крајот на 2022 година на 62 отсто до крајот на 2023 година, во споредба со 88 отсто поддршката која ја добил неговиот поранешен командант Валериј Залужни.


Советник на шефот на кабинетот на претседателот на Украина, Михаил Подоњак, неодамна изјавил дека Залужни за неколку седмици би можел да ја преземе функцијата амбасадор во Велика Британија.

Додека Песков го довел во прашање легитимитетот на Зеленски, меѓународната заедница ги осудила „наместените“ руски избори кон крајот на минатиот месец кога Путин освои реизбор. Тој ќе остане на власт до 2030 година, наведува „Њузвик“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг