Поранешна руска шпионка открива како ги заведувала своите мети: „Не е само секс - еве на какви нешта нè учеа во тајната програма на КГБ“

Точка

30/04/2024

22:25

6.263

Големина на фонт

а а а

Поранешна руска државјанка која тврди дека некогаш работела како шпион, открива како ги заведувала и манипулирала со своите цели.

Алија Роза во новиот поткаст „To Die For“ на „Tenderfoot TV“ и „iHeartPodcasts“ зборувала за својата наводна „обука, техники, мети и мисии“.

„Повеќе од две децении молчам. Но, од неколку причини повеќе не можев да останам во тишина. Не можев повеќе да живеам со оваа болка, иако поминав низ сите тие трауми. Ако јас не зборувам, кој ќе го направи тоа?“, изјавила таа за „Fox News“, пренесува „Ndtv.com“.


Алија во поткастот се присетила како побегнала од Москва со синот бидејќи сакала да му овозможи подобар живот.

„Најголемиот потфат во мојот живот беше тоа што станав родител. Сакав да го искусам тоа. Сакав да создадам семејство, да имам деца. А тоа не ми беше дозволено. Тогаш сфатив: 'Чекај малку, имам само еден живот. Не сакам да го трошам жртвувајќи се за нешто во кое повеќе не верувам'. Тоа беше моментот кога започнав да барам можности за бегство“, вели Русинката.


Поранешната шпионка зборувала и за своето семејство. Таа рекла дека е родена во казахстанско-татарско семејство на висок воен офицер на Советскиот Сојуз. Била, како што вели, била вклучена во посебна државна програма за деца на високи офицери.


Иако сакала да биде моден дизајнер, нејзиниот татко ѝ рекол дека нема друг избор освен да ја посетува специјалната државна програма. Од раното детство учела боречки вештини и се занимавала со други напорни физички активности, за на 18 години да стане дел од „секс програма“. Таа била избрана од група од 350 ученици да учествува во тајна програма развиена од поранешни психолози и високи офицери на КГБ.


„Не е само секс - тоа е многу далеку од секс. Се работи за уметноста на комуникацијата. Учевме како да се облекуваме, нашминкаме, да се претставуваме, како да разговараме со нашите цели и како да ги натераме да нѝ веруваат. Се работи за психологијата на луѓето, криминалците, мажите... За разбирањето на машката перспектива и што точно тие сакаат“, вели Алија.

„Кога заведувате, тоа е како да... започнете со добар комплимент. Не е само да се каже, на пример, ми се допаѓа твојата јакна. Мора да биде нешто навистина специфично и соодветно во тој момент. Тоа ќе ги привлече луѓето кон вас. Ќе започнете да им се допаѓате. И кога знаете како да водите разговор, луѓето ќе станат многу отворени кон вас. Тие ќе станат многу пријателски расположени. Учите како да бидете учтиви, дружељубиви и почитувани во друштвото. Тука се и сексуалните техники. Тоа е екстремно, но ќе направи вашата мета да стане опседната со вас. Тоа е сосема друга игра“.


И покрај ниските примања - 100 долари месечно за шестдневна работна недела - таа продолжила да го прави тоа од патриотизам и затоа што „се чувствувала како херој што спасува нечиј живот“.


„На крајот на денот, кога спасував нечиј живот, се чувствував добро поради тоа. Но, никогаш не се запрашав како се чувствувам во тело кое постојано беше злоставувано и силувано од случајни мажи. Еден поранешен агент на ФБИ рече дека сум скршена играчка, дека и самата сум била предмет на сексуална трговија. Но, не сите мои соученици мислат така. Се чувствувавме како патриоти. Бевме подготвени да се жртвуваме и да направиме сè за нашата влада. Така се чувствував“, додала Русинката.


Сепак, таа исто така се чувствувала „искористено“ од страна на руската влада и подоцна сфатила дека ѝ бил „испран мозокот“.

„Ги видов сите тие други агентки во одредени години, на пример на 56. Беа толку мизерни, осамени. Не им било дозволено да имаат приватен живот. Тие не можеле да имаат семејство. Не можев да дозволам тоа да ми се случи и мене“, изјавила Роза.


Наводната поранешна шпионка не се вратила во Русија повеќе од 10 години и сега користи ново име. Таа денес пружа совети за заведување на жени на кои им е потребно да ја подигнат својата самодоверба и има над милион следбеници на Инстаграм.



Спонзорирани линкови

Маркетинг