„Сите се исти како клонови“: Познатата пејачка ја нарекла Тејлор Свифт „небитна“, а потоа „удрила“ и по Лана Дел Реј, Мадона и Бијонсе

Точка

18/04/2024

14:15

3.113

Големина на фонт

а а а

Пејачката Кортни Лав, вдовицa на легендарниот фронтмен на „Нирвана“ Курт Кобејн, го промовира своето ново шоу на „BBC Radio“, „Courtney Love's Women“ (во превод жените на Кортни Лав). Меѓутоа, таа со своите изјави баш и не го оправдала ова име, бидејќи жестоко ги нападнала своите колешки.

Музичарката и членка на некогаш славниот женски бенд „Hole“ била немилосрдна кон најпопуларните пејачки на денешницата, меѓу кои Тејлор Свифт, Мадона, Лана Дел Реј и Бијонсе.

„Тејлор не е битна“, изјавила таа во интервју за „The Standard“ и додала дека „таа можеби е безбедно место за девојките, но не е интересна како уметник“.


Лав потоа се осврнала на Лана Дел Реј, која воодушеви многумина со својот настап на Коачела, изјавувајќи дека некогаш била нејзина обожавателка.

„Престанав да ја сакам Лана откако ја преработи песната на Џон Денвер. Порано мислев дека е одлична. Кога го снимав мојот албум морав да престанам да ја слушам бидејќи имаше преголемо влијание врз мене“, изјавила Кортни, објаснувајќи дека ѝ е „драго што има толку многу успешни жени во индустријата, но некои станале клишеа“.


„Сега секоја успешна жена е како клонирана, има премногу музика. Сите се исти. Ако пуштите нешто на „Spotify“, ќе бидете бомбардирани со многу идентични работи“, изјавила Кортни и продолжила со критиките. „Ми се допаѓа идејата Бијонсе да прави кантри албум бидејќи тоа е начин црните жени да одат на места кои претходно биле резервирани за бели жени. Но, не е дека ми се допаѓа многу. Ми се допаѓа концептот, не и музиката“.


Кога станува збор за Мадона, нејзиното мислење повеќе се засновало на нивниот личен однос. „Јас не ја сакам, ниту таа ме сака мене“, била јасна Кортни.

Која е Кортни?

Кортни Лав (59) доживеа голема популарност во 90-те како пејачка на алтернативниот бенд „Hole“. Групата беше номинирана четири пати за Греми, но никогаш не ја освои. Се памети нејзината голема љубов со музичарот Курт Кобејн, со кој ја доби ќерката Френсис Бин Кобејн (31), која неодамна се омажи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг