[ФОТО] Нејзината гола сцена со колешката ја шокирала тогашна Југославија: По разводот минувала низ траума, а вака денес изгледа прекрасната актерка

Точка

01/05/2024

16:15

8.624

Големина на фонт

а а а

Еден од најеротичните филмови во српската кинематографија секако е „Oficir sa ružom“, чии емотивни и сексапилни сцени и денес се паметат.

Ксенија Пајиќ во споменатиот филм ја портретирала Матилда Иванчиќ, додека Жарко Лаушевиќ бил поручникот Петар Хорват.

Во ова остварување актерката снимила и експлицитна сцена со нејзината колешка Драгана Мркиќ (Љиљана), што било табу-тема во тоа време, па не е чудно што тие кадри предизвикале негативни критики.



Во филмот Жарко Лаушевиќ е верен со Драгана, но ја остава за постарата Ксенија. Меѓутоа, по неговата смрт тие две остануваат сами, а насловот на филмот е изведен од сцената во која Петар носи две рози, по една за секоја жена која го сакала.


Ксенија денес е најпозната по улогите во хрватските сапуници, поради што ја нарекуваат и „кралица на сапуниците“. Како што изјавила своевремено, пред 4 години поради постојаната работа добила дискус хернија, а медиумите тогаш пишувале дека се претпоставува како напорното снимање на сапуниците, кое може да трае и до 12 часа дневно, влијаело на развојот на нејзините здравствени проблеми.


Еден од најтешките периоди во нејзиниот живот бил разводот од колегата Емил Вуков со кој ја има ќерката Вита, а по пропаѓањето на бракот истакнала дека повеќе нема да се омажи. Како што изјавила во извесно интерву, разводот за неа бил најголемата траума.

„Јас сум одговорна за себе, како се организирам во животот, така и ќе ми биде. Понекогаш таа ситуација ми го олеснува животот. А понекогаш можеби би било полесно доколку некој друг би бил тука да ми помогне. Но, имам и многу пријатели со кои се советувам, со кои споделувам и проблеми и радости.


Во секој случај, тоа што не сум во брак не го чувствувам ниту како предност ниту како недостаток. Тоа е така … И нема шанси повторно да се омажам во животот. Би се согласила на заеднички живот, но не и на формален брак. Не би потпишала, јас сум модерна“, своевремено зборувала Ксенија Пајиќ за хрватските медиуми.




Спонзорирани линкови

Маркетинг