Што се добива кога ќе споите „BMW“, „Yugo“ и „VW Scirocco“

Точка

18/04/2024

10:38

12.232

Големина на фонт

а а а

Звучи како неспојлива комбинација, а еве како би изгледала да беше произведена.

Откако успеавме да пронајдеме „Mercedes A класа“ на основа на вечниот „Mercedes 190“ многумина се прашуваа дали „BMW“ имал слична идеја со подеднакво култната серија 3 E30 попозната како „коцка“. Во времето кога „Golf GTI“ царувал во доменот на компактните „hot-hatch“ модели, „BMW“ создавал некој нов култ предводен од „M3“.

Коцката добила низа атрактивни изведби вклучувајќи ги и оние каросериските и со целосно право влегла во легендите. Некои сепак мислат дека недостасувала и една компактна „хечбек“ изведба или барем купе.

„Ablimelec Design“ сега ни нуди поглед на еден токму таков предлог. Според нивната објава инспирација пронаоѓаат во различни автомобили од тоа време, како „Volkswagen Scirocco“, но и нам многу поблиското и попознато „Yugo“.

Is it a Scirocco? A Saab? A Yugo? Nope! It’s the 1989 BMW 125i that could’ve been!


BMW’s idea of selling the small...

Posted by Abimelec Design on Thursday 11 April 2024

Развлечен во вистински „liftback“ овој автомобил покажува некои несовршености како растојанието меѓу предните врати и бандажите, па и преголемото растојание меѓу осовините, ваквиот модел на крајот би можел да котира сосема добро.

Би бил интересна опција за сите на кои лимузината не им е доволно практична, а караванот недоволно атрактивен. Единствено важно би било да останат задниот погон, опцијата со шест-цилиндарски мотор, и секако, препознатливата предница.

На рендерот можеме да го видиме замислениот „125i“ кој би работел на „M20“ 2.5-литарски мотор со 170 коњски сили. Со тоа би бил и тоа како жестока конкуренција за споменатиот „Golf GTI“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг