[ВИДЕО] Калиопи: Татко ми беше добар човек со тежок карактер, јас умеев со него

Точка

16/04/2024

10:36

4.913

Големина на фонт

а а а

Калиопи раскажа искрена приказна за својот татко со која беше многу привзана, а тој почина пред една ипол година. Во вториот дел од разговорот со Калиопи во емисијата „Еден на Еден“, таа рече дека татко ѝ ја научил да биде храбра.

- Мојот прв момент е секогаш простувањето. Јас никогаш не сум си дозволила, дали одредена личност која ќе ја сретнам повторно што ми има нешто згрешено, или не сме се разбрале, јас уште во истиот момент простувам, бидејќи секогаш сметам дека зад сето тоа посои некаква причина, постои некоја позадина која јас не ја знам. Тоа е мама, а од тато... Тато Панди го загубивме пред една ипол година. Велат дека дури со мене почнал да покажува татковска љубов. Пред тоа немал време. Многу млади биле моите. Но не е точно, тој сите тројца нѐ сакаше и беше човек којшто си го сакаше семејството. Тој беше силен, храбар, хуманист. Татко ми беше добар човек, со многу тежок карактер. Јас умеев со него“.


Целата емисија е достапна на Јутјуб каналот на „Еден на Еден“:



Спонзорирани линкови

Маркетинг