[ФОТО] Најдолгата европска плажа се наоѓа во Грција: Нуди бесплатни лежалки и го поседува најмекиот песок којшто некогаш ќе го почувствувате

Точка

16/04/2024

10:07

8.336

Големина на фонт

а а а

Најдолгата европска плажа може да се пофали со мекиот, ситен песок, но и евтини хотели.

Во Превеза во Грција се наоѓа плажа долга 22 километри, прошарана со штандови за водни спортови, барови, таверни, пекарници и кафулиња.

Туристите кои бараат сонце, песок и море, можат да уживаат во одмор на една од најдолгите плажи во Европа која може да се пофали со прекрасниот песок.


Плажата Монолити во Превеза е толку голема што одвај може да се каже каде завршува. Долга е над 20 километри, а кристално чистата, тиркизна вода од Јонското море се прелива во неа.

Убавата плажа е опкружена со карпести формации кои придонесуваат во шармот на плажата, а има и многу дрвја кои нудат сенка кога ќе настапи топлото време.

Сите наведени фактори ја прават идеална дестинација за сончање, пливање и разни водни спортови.

Кајаците се уште еден одличен извор затоа што може да веслате кон осамените заливи во околината, додека постојаниот ветер плажата ја прави и идеално место за едрење. Таму може да си изнајмите и скутери.


Еден од најдобрите аспекти на оваа славна, грчка плажа е тоа што поради својата големина ретко е преоптоварена од туристите.

На крајбрежјето често може да најдете шармантни таверни и кафулиња кои нудат традиционална грка кујна како што се вкусните локални риби, октоподи и меса или пак грчка салата. Баровите на плажата имаат опуштена атмосфера и изобилуваат со коктели, како и музика во живо.

Таверните на крајбрежјето нудат вкусна грчка храна во домашен стил како што е мусака, суфлаки, гиро, а тука се и пекарниците кои имаат неверојатен избор на слатки и кафе.

На „TripAdvisor“ еден посетител искоментирал: „Водата е чиста, топла, имаше бесплатни тушеви, а лежалките на плажите исто така се бесплатни“.


Најдоброто место за престој и пристап до плажата е градот Превеза којшто е оддалечен на околу 15 минути од неа со автомобил. Градот може да се пофали со убавите улички со кафулиња, ресторани, продавници и историски места, како што е замокот којшто е вреден за истражување.

Љубителите на историјата исто така имаат и лесен пристап до археолошкото наоѓалиште Никополис и древниот Касопи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг