Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се воодушевите колку е моќен

Точка

23/04/2024

21:27

11.050

Големина на фонт

а а а

Ловоровиот лист е познат и омилен зачин, а долго време има посебно место во нашите кујни. Сепак, малкумина знаат дека листовите на ова медитеранско зимзелено дрво можат да се користат за многу здравствени цели, не само за подготовка на храна.

Со овие листови можете да подготвите лековито масло, кое има фантастични здравствени својства.

Потребни состојки:

• 30 гр листови ловор

• 250 мл маслиново масло


Подготовка:

Издробете ги ловоровите листови и покријте ги со маслиново масло. Смесата ставете ја во стаклено шише, затворете ја добро и оставете ја да отстои на темно и ладно место 14 дена. Протресувајте ја содржината на шишето од време на време. По 2 недели, процедете го маслото преку газа и префрлете ја течноста во друг сад. Добиеното ловорово масло чувајте го во ладна просторија.


Ловоровото масло како лек

Доколку е потребно, нежно загрејте го маслото на пареа. Втријте го маслото темелно на болните зглобови. Освен за лекување на зглобовите, ловоровото масло се користи и за мигрена и болести на ушите. Ако имате силни главоболки, маслото треба да го масирате на слепоочниците. Ловоровото масло може да го замени аспиринот, бидејќи е во состојба да ја намали зголемената телесна температура. Помага и за ублажување на болките во желудникот и цревата, ја нормализира функцијата на црниот дроб и бубрезите и го подобрува апетитот.

Исто така, ловоровото масло е одлично за превентивни мерки. Има способност да ја зголемува отпорноста на инфекции, односно е ефикасно кога станува збор за зајакнување на имунитетот.


Можете да го користите за да подготвите лосион за справување со проблеми со кожата на вашето лице. Овој лосион е многу ефикасен во борбата против акните и митесерите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг