[ФОТО] Не е возможно некој да е толку добро стилизиран: Како вистинска божица, во фустан којшто може да го најдете и за 2000 денари

Точка

22/04/2024

23:58

12.883

Големина на фонт

а а а

Како вистинска божица, во ова модно издание ги восхитила сите кои биле присутни, а најдобро од сѐ е тоа што овој модел на фустан може да се најде насекаде, без да потрошите цело богатство.

Манекенката и модна икона Карли Клос, во четвртокот оддала впечаток на самодоверба кога излегла да присуствува на модниот настан на брендот „Каролина Херера“ во Њујорк.

Кралицата на модната писта го „покорила“ Њујорк, додека носела црвен, макси фустан. Восхитувачкиот фустан ја истакнал витката фигура на Карли, па поради тоа сите биле восхитени.

Таа во комбинација со фустанот носела и црвени високи потпетици и црвена чанта, секако и двете од брендот „Каролина Херера“, па заблескала кога излегла од автомобилот.

Инаку, Карли и нејзиниот сопруг се во брак од 2018 година и имаат две деца: тригодишниот син Ливај и Елајџ којшто се родил во јули минатата година.

Карли Клос инаку е амбасадорка на популарниот парфем на „Каролина Херера“ така што нејзиното присуство на овој настан не било изненадување.

Она поради кое сите присутни биле изненадени бил црвениот фустан којшто го носела, а таков модел може да се најде насекаде, без да потрошите цело богатство, односно би потрошиле околу 2000 денари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг