Легендарниот фустан кој Синди Крафорд го носеше пред 32 години сега го носи таа

Точка

15/04/2024

20:32

7.446

Големина на фонт

а а а

Зендаја заблеска во познатиот бел фустан кој Синди Крафорд совршено го изнесе во 1992 година.

Младата Зендаја во соработка со нејзиниот долгогодишен стилист Ло Роуч и овојпат заблеска во непогрешлива комбинација во која своевремено на модната писта дебитираше познатата манекенка Синди Крафорд.


На турнејата на нејзиниот нов филм „Challengers“, популарната актерка позирала во неодолив винтиџ чисто бел фустан со јака, отворен грб и романтичен крој. Таа ја надополнила креацијата со класични бели салонки со шпицест врв, а накитот кој го носела е од колекцијата на познатиот бренд „Bulgari“.

Исто како и Синди Крафорд пред 32 години, Зендаја носела речиси иста фризура - волуменозни локни со длабок патец на страна, а неодамна ја обои косата во посветла руса нијанса.


Со овој моден избор младата актерка ја продолжи својата низа бели комбинации, а ова е нејзино трето појавување во бела боја од глава до пети.

Очигледно, нејзиниот стилист обожува како ѝ прилега белата боја со промена на имиџот, која е и во согласност со филмот кој го промовира, а и самата веројатно се чувствува удобно во овие непогрешливи, внимателно одбрани изданија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг