Еден од омилените парови на нашата сцена, секојдневно ужива во својата љубов – на што можеме да сведочиме од нивните „Инстаграм“ објави.
Од прекрасната насмевка на Лејла се забележува колку љубовта одлично ѝ влијае.
Овојпат, тие објавија фотографии од Сивири, магичното туристичко место на првиот крак на Халкидики, каде што заминале на романтичен викенд.
Според фотографиите, тие вкусиле традиционална грчка храна и уживале во погледот кон неверојатното зајдисонце.
Заедно со нив бил и најдобриот пријател на Роберт, Дарко Димитров.
Роберт за својата сакана го „фатил“ и сонцето.