[ФОТО] Џејми Оливер отвори свој ресторан во Белград: На менито специјалитети по рецептите на познатиот британски готвач, еве какви се цените

Точка

29/03/2024

16:00

11.404

Големина на фонт

а а а

Познатиот британски готвач и ТВ ѕвезда Џејми Оливер се пофали на Инстаграм дека неговиот ресторан „Jamie's Italian“ е отворен во Белград.

„Белград, отворени сме“, напиша Оливер на Инстаграм со фотографија од персоналот пред новоотворениот ресторан на шеталиштето на Сава, во Белград на вода.

„Големи честитки до целиот мој тим кој штотуку го отвори мојот прв ресторан во Србија. Локацијата е прекрасна, во срцето на Белград на вода, на брегот на реката Сава“, навел Оливер со фотографија од чинија со специјалитетите на новата гастрономска дестинација во српската престолнина.


Познатиот готвач сподели и видео од подготовка на пица во неговиот белградски ресторан.

„Вратите се официјално отворени и само погледнете ги тие пици! Одлична работа на тимот на @jamiesitalianserbia. Многу сум горд на сите вас. Пренесете голема љубов на сите“, напиша Џејми.

На официјалната страна на белградскиот ресторан е достапно и мени со бројни специјалитети од италијанската кујна по рецепт на Оливер.

Цените на пиците се движат од 865 динари (455 денари) за „Маринара“ со пелати, инчуни, капари, лук и оригано до 1555 динари (817 денари) за „Сан Даниеле“ именувана по познатата пршута со која одат пелати, моцарела и страчатела сирења, пикантна рукола и пармезан.

Најевтиното главно јадење се равиоли со тартуфи (975 динари односно 512 денари), а најскапото е стек со путер од тартуфи, портобело печурки и кјанти сос (2725 динари – 1431 денари).

Во ресторанот на Џејми Оливер можете и да се засладите. Најекономичен десерт е панакота со ф'стаци - 545 динари (286 денари), порција со три топки сладолед е 565 динари (297 денари), а најскап десерт е „Амалфи чизкејк“ - 765 динари (402 денари).

Според официјалната веб-страница, ресторанот е отворен секој ден од 11 часот до полноќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг