Оргиите на контроверзниот диктатор вклучуваат и девојчиња од 13 години: Сопругата едвај и да ја пушта во јавноста, а она што го направил е ужасно

Точка

29/03/2024

15:05

4.894

Големина на фонт

а а а

Сопругата на контроверзниот диктатор Ким Џонг Ун, Ри Сол-Џу, последен пат била видена во јавноста на 25 јануари 2020 година, кога го придружувала својот сопруг во театарот Самјијон на лунарната новогодишна претстава.

На фотографиите објавени од државните медиуми, таа е забележана како аплаудира меѓу севернокорејскиот лидер и неговата тетка Ким Кјонг-хуи и опкружена со лојалните членови на Работничката партија.


Аналитичарите Ри ја гледаат како симбол на промените во раководството на Северот – свежо, женствено лице кое би можело да го ублажи имиџот на комунистичкиот режим дома и во странство. Во раните години од бракот, се чинело дека го имала посакуваниот ефект.

За сопругата на Ким нема многу податоци. Се верува дека е родена некаде помеѓу 1985 и 1989 година и дека студирала на универзитет во странство – ретка чест за Севернокорејците.

Ри и Ким наводно се венчале набрзина во 2009 година, откако таткото на Ким Џонг Ун, Ким Џонг-ил доживеал мозочен удар, а семејството се обидувало да ја прошири својата крвна лоза. Ким Џонг-ил починал во декември 2011 година, кога Ри веќе родила син. Извештаите сугерираат дека оттогаш имала уште две деца, иако тоа никогаш не било потврдено.


Во првите години од владеењето на Ким, неговата сопруга честопати била забележана покрај него на домашни настани. Во јули 2012 година, државните медиуми потврдиле дека таа е негова сопруга. Според извештаите на јужнокорејските медиуми, нејзиното стилско облекување, фризурите и чантите – биле копирани од високото општество во Пјонгјанг и посакувани од обичните луѓе кои немале надеж дека некогаш ќе можат да си дозволат таков луксуз.

Кога Ри го придружувала својот сопруг на државна посета во март 2018 година, било земено како дополнителен доказ дека таа се подготвува како северна верзија на „прва дама“. Присуствувала на меѓукорејскиот самит во април 2018 година, каде што се сретнала со својот јужнокорејски колега, а следната година Ри била домаќин на државната посета на кинескиот претседател Си Џинпинг и неговата сопруга. Оттогаш таа исчезнала од видното поле.


Животот на Ким Џонг-ун е проследен со неверојатни ситуации, но и пикантерии. Извртените работи како што е забраната за погреби и свадби во Северна Кореја, убиството на сопствениот брат и којзнае колку други членови на семејството, како и формирање држава без елементарни човекови права, каде што сè е подредено нему, му го обележиле животот и кариерата.

Наводно, во Северна Кореја постои т.н. Петта дивизија, харем од околу 2.000 жени, чија задача е да ги забавуваат партиските функционери, а по забавата да спијат со нив.


Оваа практика постои уште од Ким Ил Сунг, кој својата улога на „татко на нацијата“ ја сфатил буквално. Наводно и самиот Ким Ил Сунг ги користел услугите на танчарките-проститутки и со нив зачнал голем број вонбрачни деца, а оваа бизарна „традиција“ ја продолжил и Ким Џонг-ун.

За работите да бидат уште побизарни, наводно се организираат оргии со девици, од кои некои имаат само 13 години.


Војниците доаѓаат во училиштата по девојчињата и им се закануваат да не кажуваат на нивните семејства, бидејќи ќе ги убијат.





Спонзорирани линкови

Маркетинг