[ФОТО] „Љубовта те менува, но на најубав начин“: Тамара Тодевска ужива со саканиот во Мадрид

Точка

29/03/2024

12:20

8.415

Големина на фонт

а а а

Тамара Тодевска и нејзиното момче, архитектот Лука Радовиќ, моментално престојуваат во Мадрид каде што вечерва таа ќе пее на предевровизиска забава.

Тамара по повод патувањето во шпанската престолнина објави неколку фотографии во друштво на Лука, а најголемо внимание привлекоа оние на кои двајцата се бакнуваат и јавно ја покажуваат својата љубов.

„Љубовта те менува, но на најубав начин“, „Најубав пар, Тамара време е навистина да сјаеш во полн сјај“, се дел од коментарите на фановите на пејачката.

Настапот на Тамара на Евровизија во 2019 година со песната „Proud“ широко ѝ ги отвори вратите за нови музички предизвици, но и песната одлично помина помеѓу евровизиските фанови.

Тамара ќе учествува на пред–забавата посветена на Евровизија. Станува збор за серија на специјални годишни настани кои се одржуваат во различни земји, каде некогашните учесници на Евровизија ги изведуваат своите песни во интимно опкружување.




Спонзорирани линкови

Маркетинг