[ФОТО] Доколку сакате тексас, без ова модно парче не влегувајте во месец април: Кралицата на уличната мода го демонстрираше својот ненадминлив стил

Кармин

28/03/2024

15:43

5.851

Големина на фонт

а а а

Шармантната актерка е позната по тоа што успева најудобните комбинации да ги носи со неверојатна елеганција, а во тоа сега ѝ помогнал тексасот.

Шкотскиот актер Алан Каминг пред неколку вечери ја собрал својата публика на последното изведување на својата претстава на Бродвеј, а во публиката имало многу познати лица.


Меѓу најголемите ѕвезди бил и австралискиот актер Хју Џекмен, но и американската актерка Кејти Холмс, некрунисаната кралица на уличната мода која за оваа прилика подготвила уште еден практичен и шик стајлинг.

Поради тоа што тексасот во пролетната сезона се враќа како еден од доминантните материјали, Кејти Холмс одлучила овој тренд да го износи во вид на мантил од тексас.


Станува збор за минималистички мантил до колена, модел којшто го потпишува модната куќа „Chloe“, а инспириран е од класичните мантили без кои пролетната мода е незамислива.

Во духот на винтиџ мантилите од 80-тите, ова парче на преклоп е многу практично поради џебовите, а го истакнува струкот со едноставен ремен од тексас.

На повеќе места е украсен со нитни, што му дава малку старински „edgy“ изглед, а актерката го искомбинирала со црни балетанки, панталони со широки ногавици и голема чанта.

Неутрално, а сепак елегантно и едноставно, баш како што Кејти Холмс често се појавува во јавноста.

Цената на овој мантил изнесува 3690 долари, но во локални продавници достапни се и поевтини варијанти кои оставаат одличен впечаток и совршени се за пролетната сезона.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk