„Ова е најдобриот филм кој го имам гледано, подобар немам видено“ се изјасни Стивен Спилберг

Точка

28/03/2024

13:01

4.728

Големина на фонт

а а а

Спилберг упати пофалби за филмот на Денис Вилнев – „Dune: Part Two“, а особено беше импресиониран од една сцена.

Двајцата режисери се појавија во поткастот „Director’s Cut“, во кој Спилберг воопшто не штедеше пофални зборови за фантастичниот филм на неговиот колега.


„Ова е неверојатен визуелен спектакл, и тоа со ликови од фантастика. Тоа е филм каде што нема многу дијалог и сè остава самите сцени, кои се сликовити, да ја раскажуваат приказната. Снимивте еден од најбрилијантните филмови за научна фантастика што јас го имам гледано“, рече Спилберг.

Тој додаде, „Филмот е исполнет со копнеж за вода. Сиот тој песок кој го има во филмот, фокусот е предаден на водата – копнежот по водата, зелени ливади и широк плав хоризонт. Во филмот пустината е прикажана како океан, а песочните црви како морски змии. За мене највпечатлива сцена е кога Пол сурфа на песочниот црв, тој момент ја прави пустината да изгледа како вода““.

На режисерот Спилберг му се допадна деталот од сцената со бакнување помеѓу Пол (Тимоти Шаламе) и Чани (Зендаја) каде што за да се задржи континуитетот на сцената таа е снимана во тек на четири дена во истиот час.


„Вилнев е најдобриот творец“

Од сега според мене, Вилнев припаѓа во групата на големи режисери кои се творци на фантастични светови. „Значи, дозволете ми да започнам со тоа што постојат филмаџии кои се креатори на светови и знаеме дека списокот со нив не е долг, но знаеме кои се тие“, рече Спилберг.


На листата на Спилберг за најдобри режисери на сите времиња се Стенли Кјубрик, Џорџ Лукас, Кристофер Нолан, Џејмс Камерон, Питер Џексон, Вес Андерсон, Ридли Скот и Гиљермо дел Торо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг