[ФОТО] Гламурозна, божествена – во состав со темата: Зендаја е најдобро облечената жена во Сиднеј, чиста магија...

Кармин

27/03/2024

20:00

3.836

Големина на фонт

а а а

Зендаја Колман со право е прозвана за модна икона меѓу младите актерки, а во Сиднеј тоа го докажала.

Една од најдобрто облечените млади ѕвезди на денешницата е Зендаја Колман, актерка која нѐ остава без здив во речиси секоја ситуација.


Без оглед на тоа дали ќе се појави на црвениот тепих или во некој секојдневен аутфит, Зендаја има феноменален стил и идеја за гламурозен стајлинг без грешка.

Тоа било случај и на премиерата на новиот филм, драмата „Challengers“ во Сиднеј каде ја покажала својата трансформација и феноменален стил во склад со темата на филмот.

Актерката овојпат била во друштво на колегите Мајкл Фејст и Џош О’Конор, а за оваа прилика ја стилизирала Ло Роуч, нејзината „сигурна карта“ за секоја модна прилика.


Зендаја носела свилен, зелен фустан со потпис на „Loewe“, шиен специјално за неа, со драматичен прорез и деколте, монистра и мотиви во состав со пригодата.

Имено, фустанот бил дизајниран како тениски терен, во состав со темата на филмот којшто е тениска драма, а се чини дека Зендаја може да носи на неверојатен начин фустан со спортски мотиви.


Покрај „Bulgari“ обетките, Зендаја ја сменила и бојата на коса, па сега таа ѝ е во нинајса на мед, а носела и „matchy“ зелени чевли на вртоглава потпетица.

Без сомнеж, Зендајата била најубавата жена во Сиднеј!



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk