[ВИДЕО] Повторно има незадоволни и по снимката: „Не е Кејт, направена е со вештачка интелегенција“ - ова се дел од коментарите по најновото видео на принцезата од Велс

Макфакс

19/03/2024

11:10

2.206

Големина на фонт

а а а

Во последно време низ социјалните мрежи кружат бројни теории, а се однесуваат на здравствената состојба на принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, која пред три месеци се повлече од јавноста поради закрепнувањето по операцијата.

Јавноста беше прилично загрижена за нејзината состојба и оттаму бројните теории. Сепак, сè пропадна бидејќи Кејт била видена додека пазарелa. Сега се појави видео кое покажува дека Кејт е сосема добро.

Во тренерка, без шминка и со пуштена коса, таа одеше покрај Вилијам носејќи чанта од продавницата. Безгрижно разговарале, а според говорот на телото, изгледале прилично опуштено и безгрижно.

Секако, веднаш под видеото имаше коментари на луѓе кои тврдат дека Кејт на видеото не оди покрај принцот Вилијам.

„Едвај ги чекам коментарите дека ова не е Кејт и е двојник, лош фотошоп и слично.

„Ова не е Кејт“, беше друг коментар.

„Ова е нејзиниот двојник!

„Таа навистина не личи на неа!

„Изгледа како старо видео!

„Сликата генерирана од вештачката интелигенција не е ни добра. Ова прикривање станува уште посрамно и исто толку загрижувачко“, тврдат теоретичарите на Интернет. Сепак, во моментов има исто толку луѓе кои се убедени дека ова навистина е доказ дека принцезата од Велс е добро и дека кралските обожаватели едноставно сакаат драма.

Луѓето очигледно не можат да се смират, ниту да се задоволат, па сигурно ќе има многу вакви коментари додека војвотката официјално не се појави во јавноста, што се очекува во текот на Велигденската недела.



Спонзорирани линкови

Маркетинг