Скандал ја тресе Америка: „Ми ја турна раката кон своето меѓуножје“ – градоначалникот на Њујорк обвинет за сексуален напад

Точка

19/03/2024

10:57

1.266

Големина на фонт

а а а

Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс е тужен со обвинение за сексуален напад во 1993 година, пишува Newsweek.

Поранешна полициска административна помошничка Лорна Бич-Матура тврди во текстот на тужбата дека Адамс, тогашен сообраќаен полицаец ја возел дома и застанал на празен паркинг и побарал да има секс со неа.

Бич-Матура понатаму тврди дека откако го одбила, Адамс „насилно ја турнал“ нејзината рака кон неговото меѓуножје и мастурбирал.

Адамс претходно ги негираше тврдењата на Бич-Матура кога таа поднесе жалба до Врховниот суд на државата Њујорк во ноември. „Тоа апсолутно не се случи“, рече тој тогаш. „Не се сеќавам дека некогаш сум ја сретнал оваа личност и никогаш не би повредил некого во таа мера“, рече тој.


Таа бара отштета од 5 милиони долари

Во тужбата се наведува дека нападот се случил додека таа и Адамс работеле во полицискиот оддел во Њујорк. Бич-Матура тврди дека Адамс и рекол дека ќе разговара со неа за унапредување и ја собрал во својот автомобил после работа.

Таа рече дека наместо да ја вози директно до нејзиниот дом во Кони Ајленд, тој застанал на празно место во близина на реката Хадсон. Бич-Матура тврди дека побарал орален секс таму во замена за унапредување.


Во својата тужба, Бич-Матура изјави дека доживеала сексуален напад, злоупотреба, нанесување емоционална вознемиреност, родова дискриминација и сексуално вознемирување.

Таа бара отштета од најмалку 5 милиони долари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг