Обичај од стара Југославија којшто според фенг шуи носи несреќа во домот – се верува дека лошо влијае на финансиите

Кармин

28/02/2024

13:45

16.262

Големина на фонт

а а а

Овој обичај се практикувал уште во стара Југославија, но експертите за фенг шуи велат дека не треба да го применувате.

Источната филозофија на живеење, односно фенг шуи, има свои правила. Во суштина, фенг шуи е најважниот проток на енергија и тоа не би требало да се нарушува.


Сепак, постојат одредени правила кои мора да се почитуваат, кога станува збор за внатрешното уредување.

Многумина од нас имаат обичај на масите, без оглед на тоа дали се трпезариски или маса за во дневна соба, да стават заштитно стакло.

Тоа е навика која потекнува уште од времето на Југославија каде домаќинките верувале дека стаклото ќе ја штити површината на масата.

И, да, тука има логика затоа што некои од тие маси траеле и по деценија-две.

Сепак, Кинезите не се согласни со овој обичај од нашите простори.


Тие веруваат дека работите во домот треба често да се менуваат, особено оние старите работи треба да ги заменувате со нови.

Тие веруваат дека стаклото кое е поставено на масата се однесува на приходот и финансиите кои се одливаат.

Значи, покрај тоа што се смета дека стаклото е надвор од мода, треба да знаете дека тоа негативно влијае и на финансиите во домот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk