„Мирен и здодевен, а во викендите град на духови“: Европскиот главен град во којшто се селат луѓето од целиот свет

Точка

27/02/2024

20:20

19.915

Големина на фонт

а а а

„Мирен и здодевен, а во текот на викендите град на духови во којшто ништо не се случува“, се зборувало за Луксембург којшто се нашол во друштво на неправедно занемарените дестинации.

Меѓутоа, Луксембург не е само град за работниците во одела, место во кое секогаш нешто се работи, а никогаш луѓето не се забавуваат.

Доволно е навечер да се упатите во некој од баровите во квартот Rives de Clausen каде може пријатно да ве изненади дозата пулсирачка енергија.


Во текот на денот овој скриен бисер е како создаден за мирни прошетки или возење со велосипед покрај реката Алзете, но штом сонцето ќе зајде тогаш рестораните и баровите оживуваат.

Убав, паметен и богат град

Шеталиштето Chemin de la Corniche се нарекува и најубавиот европски балкон, давајќи увид во драматичната топографија на градот која е составена од тврдини во карпи, улички кои наѕираат меѓу живописните дрвја.

Поради тоа што францускиот, германскиот и луксембуршкиот се признати како службени јазици, а можностите за работа не недостасуваат, градот со текот на времето почнал да привлекува сѐ повеќе млади луѓе кои придонесуваат во промената на сликата на градот.


Магнетот за младите европски експерти може да се пофали со една од највисоките GDP во Европа, а и разликата меѓу машките и женските плати е минимална.

Калеидоскоп на културата

Луксембург има околу 135 илјади жители, но повеќе од 70 отсто го сочинуваат луѓе од целиот свет, што го прави неверојатно разновиден.

Исто така таму разновидна е и понудата на светските кујни, па така во Луксембург може да откриете ресторани со италијански, грчки, португалски, индиски, јапонски влијанија.


Разнте култури се гледаат и во другите сегменти, а не само во гастрономијата што Луксембург го прават град којшто има потенцијал да се развие во уште поинтересно и пошаренолико место.





Спонзорирани линкови

Маркетинг