[ФОТО] Како денес изгледа Јелена Јанковиќ? Некогашната тенисерка долго време не сме ја виделе во јавност, а и натаму маѓепсува со стилот и убавината

Точка

27/02/2024

19:13

7.872

Големина на фонт

а а а

Јелена Јанковиќ не ја гледаме често во јавноста откако стана мајка, а сега се појавиле нејзини фотографии после неколку години.

Некогашната тенисерка и голема надеж во белиот спорт, Јелена Јанковиќ, пред неколку години се повлече од светот на тенисот, но таа и натаму ужива голема популарност поради светскиот успех којшто го постигна.


Таа во јавноста се појавува ретко, познато е дека пред неколку години Јелена го запознала доктор Бранко Бараќ со којшто во 2021 година ја добила ќеркичката Уна.

Како што пишувале медиумите, запознавањето на Јелена и Бранко и целиот почеток на нивната љубов било како на филм.

После „Адрија Тур“ турнирот во организација на Новак Ѓоковиќ, српската тенисерка била позитивна на коронавирусот после што побарала лекарска помош.

Токму тогаш таа го запознала доктор Бараќ во организацијата, а симпатиите веднаш биле воочливи и кај двајцата.


Поранешната тенисерка се излекувала, но исто така останала во контакт со докторот којшто ѝ помогнал да ја надмине болеста, а денес имаат и дете. Таа во една прилика се осврнала и на тоа со што сѐ се соочува откако детето пристигнало во нивниот дом:

„Трчам по детето, животот тотално ми се смени. Повеќе не сум јас приоритетот, ниту моите обврски, туку детето. Сега е така. Сѐ се врти околу тоа што ѝ треба неа, неа да ѝ биде прекрасно, грижата за детето секогаш е тука“, додала Јелена.

„Се трудам да бидам добра мајка, да бидам посветена, таа сега ми е најважна. Особено сега кога е мала, сѐ ја интересира, сака сѐ да допре, сака секаде да оди, љубопитна е“, заклучила некогашната прва тенисерка на планетата.


Откако станала мајка, Јелена ретко ја гледаме во јавноста, но пред околу еден месец таа на социјалната мрежа Инстаграм се појавила една нејзина фотографија од Дубаи. Јелена не се менува, а сѐ уште го негува истанчениот и елегантен стил.





Спонзорирани линкови

Маркетинг