Хрватскиот авантурист Кристијан Иличиќ изминативе денови патувал во неколку градови во Пакистан, а своите впечатоци ги споделува на социјалните мрежи.
Иличиќ престојувал во Пешавар, еден од најопасните градови во Пакистан.
„Американскиот Стејт департмент целата покраина Хајбер Пахтунхва, на која ѝ припаѓа Пешавар, ја вбројува во највисокото ниво на предупредување, – Level 4: ’Do Not Travel’ (Ниво 4: „Не патувајте“) првенствено поради опасност од тероризам и киднапирања. Поради безбедносната ситуација, нашето движење требаше да биде со полициска придружба. Првиот ден успеавме да ја избегнеме и накратко сами да прошетаме по улиците на Пешавар“, раскажал Иличиќ.
Тој истакнал дека потоа следувал „лудиот Пакистан“ за кој постојано зборува.
„Еден човек го забележа мојот колега Ален со торба и камера, виде дека му е жешко и без никакво прашање му пријде и му даде ладен пијалак. Бесплатно. Не побара ништо за возврат. Можете да ги прочитате сите предупредувања на светот, но тие никогаш нема да ви ја раскажат целата приказна за луѓето кои живеат таму“, навел тој.

Неговата објава собра бројни коментари, а само некои од нив беа: „Добрите луѓе се препознаваат насекаде“, „Добра душа“, „Пакистанците се многу гостопримливи луѓе, а кога ќе се зближиш со нив, те третираат како семејство“.








