Предмети кои носат несреќа во домот: Според фенг шуи филозофијата, ова не треба да го чувате во ходникот

Кармин

27/02/2024

14:13

10.521

Големина на фонт

а а а

Начинот на којшто го уредуваме домот многу говори за нас. Но, често прескокнуваме одредени детали кои можат да направат разлика кога станува збор за фенг шуи правилата.

Дури и ако не делува многу важно, ходникот е едно од најважните места во домот, велат експертите за уредување на ентериерот и фенг шуи.

Тие објасниле кои предмети никако не смееме да ги ставаме на влезот од домот затоа што тие се магнет за несреќи.

Кои предмети никако не треба да ги поставуваме во ходникот од домот?

Ходникот, како што добро знаеме е првиот контакт којшто луѓето кои го преминуваат прагот од домот го имаат кога ќе влезат внатре.

Токму поради тоа треба внимателно да биде осмислен, уреден и негуван простор. Но, за жал, поголем дел од времето ходникот останува најзапуштеното место, претворајќи се во складиште за облека и обувки.


Свенати растенија или кактуси

Во азиската филозофија, исушеното цвеќе е симбол за несреќа, особено кога ќе се постави на влезот од домот. Исто така многу честото растение во нашите домови, кактусот, се смета за симбол на сиромаштија и недостаток, па поради тоа не треба да се поставува во ходникот.

Кактусот е поврзан со неволја токму затоа што може да расте во тешки услови, во средина во која недостасува најважниот елемент за растенијата – водата.

Црни или темни предмети

Трчате во ходникот на влезот од домот. Дали гледате црни или темни рамки, слики, вазна или некој друг предмет? Заменете ги со некои посветли предмети.

Експертите велат дека црната, односно темните бои имаат тенденција да привлекуваат мрак и бес во домот, па доколку се чуваат таквите предмети на влезот од домот, тие создаваат енергетски портал којшто го зголемува интензитетот на негативната енергија која се пробива во домот.


Огледало

Во многу од културите огледалото е предмет кое може да ја „украде душата“ затоа добро е да не се соочите со него во моментот кога влегувате дома. Доколку тоа е малку скршено исто така треба да го фрлите зошто носи лоша среќа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk