Најубавата жена на светот во шестата деценија нема ниту грам вишок: Извајано тело по кое многумина воздивнуваат, а нејзиниот режим нутриционистите би го критикувале

Кармин

24/02/2024

17:50

9.277

Големина на фонт

а а а

Наоми Кембел е една од најпознатите модели,чиј изглед веќе со децении не се менува. Многумина се прашуваат како и на 54 години сè уште изгледа како девојка и која е нејзината рутина

Освен тоа што има добра кожа, на себе нема ниту грам вишок килограми, а телото и е извајано и вретенесто.

Благодарение на тренинзите, како и на тренерот Џо Холдер таа е во сè подобра форма.


Холдер и Наоми првпат почнале да вежбаат заедно пред неколку години, а таа вели „дека тој ја научил како да ужива во вежбањето“.

„Вежбам. Но, не во редовна теретана, не користам справи. Не можам да одам во обична теретана. Ме прави нервозна. Никогаш не сакав да вежбам пред да почнам да работам со Џо. Не ми се допаѓа сè што тој ме тера да правам, но не станува збор за тоа дали ми се допаѓа или не. Се работи за напад на телото во различни сегменти и кондиционирање“, изјавила Наоми, пренесува „Women’s health“.


Своевремено открила дека јаде само еднаш дневно, и тоа за време на ручек.

„Јадам за време на ручек. Ручекот е моја вечера, бидејќи навистина јадам само еднаш дневно“, открила таа.


„Недела е денот кога си дозволувам да се почастам себеси со нешто слатко, тогаш јадам десерти, торти и пудинзи“



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk